Викенд рецепт: Брза чоколадна торта без брашно

На сите ни се случило ненадејно да ни се најават гости и во тие моменти да ни е потребен брз рецепт што ќе ги воодушеви.

Денес имаме еден таков - чоколадна торта без брашно, а потребни ви се само неколку состојки.

Состојки:

- 175 гр. темно чоколадо;

- 7 јајаца;

- 140 гр. путер.

- По желба уште 100 грама чоколадо и 200 гр. слатка павлака или кесичка шлаг.

Подготовка:

- Рерната загрејте ја на 130 степени. Калапот за торта обложете го со хартија за печење.

- Чоколадото искршете го на коцки, стопете го на пареа, а кога ќе се стопи цело, во смесата ставете ги коцките путер. Мешајте додека и тие не се растопат, а смесата не стане компактна.

- Жолчките изматете ги пенасто, а потоа со лесно мешање додадете ги во изладената смеса од претходно.

- Во друг сад, изматете ги белките во цврст снег, па лажица по лажица додавајте ги во претходната смеса. Мешајте нежно, додека смесата не стане компактна.

- Потоа, истурете ја во калупот и прекријте со фолија. Калапот ставете го во поголем сад за печење. Поголемиот сад наполнете го со врела вода, отприлика до половина од калапот. 

- Печете околу 25 минути, додека површината не стане крцкава кора, а средината мека. Оставете да се излади и украсете со овошје по желба или со какао. Можете и да ја изматите слатката павлата со претходно стопеното чоколадо и да ја ставите глазурата одозгора и да оставите да се стегне.