Викенд предлог: Почувствувајте го чудесниот мир на манастирот Трескавец

Ни претстои скратена работна недела, односно продолжен викенд. Доколку се уште не знаете како да ги поминете наредните три слободни дена, ние ви даваме предлог. Овој пат ве упатуваме да го посетите манастирот Трескавец и да го почувствувате тој чудесен мир, кој го има само таму. 

Манастирот Трескавец се наоѓа на 10 km од градот Прилеп. Тој е еден од најубавите манастири во Македонија и значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија.

Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, на рамнината Пелагонија, како и на градовите Прилеп, Битола и Крушево.