Викенд - понуда во кино Милениум

Викенд-понуда во кино Милениум: анимираниот филм „Малиот принц“, снимен според една од најубавите приказни оваа сабота и недела од 13:00 часот.

Приказната е за едно мало девојче кое живее со својата мајка, која сака да се увери дека ќерка ѝ е подготвена за светот на возрасните. Еден ден, нејзиниот сосед, авијатичарот, го внесува девојчето во фантастичниот свет каде што сè е возможно – во светот на Малиот принц.Таму започнува магичното и емоционално патување на девојчето низ нејзината имагинација, започнува универзумот на Малиот принц. Во него девојчето го открива своето детство и дознава дека во основа најважни се врските меѓу луѓето и дека можат да бидат видени само со срцето.

режија: Mark Osborne
улоги: Rachel McAdams, Marion Cotillard, Paul Rudd, Jeff Bridges, Benicio Del Toro, James Franco

премиера: 19.12.2015
времетраење: 108′
земја: Франција
жанр: Анимација, фантастика