Викенд настани во Скопје

„Супер Скопје“

Супер Скопје, супер четири викенди во Скопје, трет викенд улица “Македонија“. Бината вечерва ќе биде поставена пред Play Cafe и ќе настапат Тамара Тодевска и Нокаут, додека специјални гости ќе бидат  Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Супер Скопје е проект во организација на Горила продукција, Град Скопје, ЈКЦ “Александар Македонски“ и сите угостители каде ќе се одржат настаните наредните викенди.

Прослава на стартот на учебната заедно со Стопанска банка АД-Скопје

За почеток на новата школска година Стопанска банка АД -Скопје ги поканува дечињата на заедничка прослава на настанот "Мудрости - Радости" кој ќе се одржи в сабота од 18 часот на платото пред МОБ

Покрај многуте игри, предизвици, креативни работилници, забава и лотарија со вредни награди на задоволство на присутните ќе настапат: балетското шоу "Ла Ла Ла" МОБ; концерт на "5+ бенд" ДЈ и "Брејк а лег" танцово шоу.

- Почетокот на школската година е како нова година за учениците. И се радуваат и ја очекуваат со нетрпение. Таа е секако посебна за првачињата - децата кои првпат влегуваат низ отворените школски врати со отворени умни глави спремни да учат, да откриваат и да се надградуваат себеси. Секое дете што ќе го посети настанот ќе добие подарок од Стопанска банка и примерок од "Книгата што никогаш не беше иста", нова детска книга која банката ја продуцираше, а чии автори се Билјана Црвенковска (писател) и Катерина Николовска (илустратор). Настанот "Мудрости - Радости" ќе биде прилика учениците и родителите да се опуштат, да се забавуваат и подготвени да ја почнат новата учебна година, вели Ратка Тиричовска, директор на Дирекцијата за маркетинг и односи со јавност, Стопанска банка-АД Скопје.

cheap nike air max 90