Викенд настани во Скопје

Скопје еден час ќе потоне во мрак во чест на планетата Земја!

Градот Скопје утре во периодот од 20:30 до 21:30 часот ќе се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ и ќе го исклучи осветлувањето на неколку објекти во центарот на градот.

Осветлувањето ќе биде исклучено на следниве објекти и локации:

- Плоштадот „Македонија“ со спомениците,

- Камениот мост,

- Скопската тврдина Кале,

- Мостот „Око“ и

- Мостот на уметноста.

Утре, во периодот од 20:30 до 21:30 часот поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја“ низ светот ќе ги исклучат светилките и ќе испратат силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.

Оваа светска манифестација е поддржана од организацијата WWF и се спроведува во 170 држави низ светот.

Подари храна, добиј кошула!

Коалицијата Боите на животот организира уште една хуманитарна акција за собирање на храна за социјално загрозените семејства - ,,Подари храна и добиј подарок'' во која ќе се собира најразновидна храна за социјално загрозените семејства.

Целта на оваа хуманитарна aкција е подигнување на свеста кај сите граѓани, развивање на својата хуманост, но и желбата да се помогне на другите, на оние кои имаат помалку или воопшто немаат.

За таа цел на 26 март 2017 од 10.00 до 15.00 часот ќе биде отворен пункт во Веро Тафталиџе и секој граѓанин може да донира храна, која ќе биде поделена на социјално загрозените семејства, а организаторите ќе му подарат кошула од ,,Албатрос''.

Повеќе за овој настан може да прочитате тука.

Цеца во Скопје!

Најпознатата балканска дива Цеца денеска ќе одржи концерт во Скопје. Концертот ќе се одржи во Арената „Борис Трајковски“ со почеток 21 часот. 

Културните и забавните настани проверете ги ОВДЕ.

cheap nike free run 5.0