Викенд хороскоп: Време е за среќа!

Овој викенд го имаме тригонот на Марс и Плутон, полната Месечина и секстилот на Сонцето и Уран.

Ова е силна енергија на небото во моментот. Можеме лесно да ги замислиме желбите, но и да ги оствариме со поддршка на планетите. Јупитер исто така ни носи значаен успех во сите полиња. Ако планирате значајни професионални ангажмани, ова е совршено време за тоа.

Венера во четвртокот навлезе во чувствителните Риби што ни носи среќа не само овој викенд, туку и во наредниот месец. Ова е важен настан, бидејќи нашата планета Земја е под нејзино владеење. Венера е нашата планета на љубовта и убавината и секогаш е среќна кога ќе навлезе во знакот Риби. Таа ни праќа порака дека доаѓа време за романса и љубов. Време е да ги ослободиме своите емоции и да дозволиме да бидеме сакани, да не се плашиме од љубовта. 

Венера во Риби ни носи љубовна магија, време е да се откажеме од егото и да и дозволиме на енергијата да биде позитивна, опуштена. 

Овој викенд на небото ја имаме и полната Месечина во Девица. Можеби ќе чистите и средувате во својот дом, но и во своите мисли. Време е за организација и фокус на деталите, но и ослободување од она што не ни носи ништо добро. Оваа енергија опушта. Фокусирајте се на себеси и избегнувајте ги озборувањата, избегнувајте алкохол и тешки лекови кои би ги земале на своја рака. 

Но, ова ни најавува дека ни доаѓа чиста енергија, која носи среќа. Време е за доверба и за оставање на проблемите и тешките мисли зад нас.