Викенд хороскоп: Време е за одмор и грижа за себеси

Ни доаѓа малку мир и тишина овој викенд, како што Месечината ја напушта авантуристичката Водолија и влегува во мирните Риби. 

Тоа значи дека ќе успориме малку, ќе најдеме време за себе и ќе се вклучиме во активности кои ни помагаат да се релаксираме. Со оглед на тоа дека Рибите се знак кој е богат со емпатија и нежност, ќе се однесуваме така и со оние кон нас. 

Сабота е малку поинтензивен ден со оглед на тоа дека Јупитер во Водолија се поврзува со нестабилниот Уран во Бик што може да донесе шокирачко однесување и настани.

Ова е хороскопот за секој од знаците за овој викенд.

Овен

Некогаш најдобриот начин да влијаете позитивно е прво да се погрижите за себеси. Одморете се и подредете ги своите приоритети. 

Бик

Доаѓаат повеќе можности и патишта кои треба да ги одберете, но време е да седнете и да размислите што е најдобро за вас. Следете ја интуицијата.

Близнаци

Можен е хаос во однос на некој од вашите планови. Пробајте да се нурнете во хаосот и да го извадите најдоброто од тоа за себе.

Рак

Тешко е да избегате од темнината која ве зафаќа овој викенд и меланхолијата која доаѓа со тоа. Сепак, побарајте поддршка од луѓето околу вас, наполнете ги батериите и сфатете дека ова е само фаза.

Лав

Можно е да сакате да скокнете во нова можност или да давате совети околу вас, но не правете го тоа ако никој не побара ништо од вас. Што ви кажуваат инстинктите? Следете го тоа.

Девица

Им давате многу на другите, но што останува за вас? Време е да побарате поддршка од луѓето околу вас. Во меѓувреме, романсата е слатка, препуштете и се целосно.

Вага

Потребна ви е возбуда, но морате да се фокусирате на рутината и секојдневните работи и да видите прво што не функционира во тој аспект. 

Шкорпија

Овој викенд бара да се фокусирате на радоста, дури и кога значи дека треба да поставите граници за тоа како другите ви пристапуваат и колку им давате. Најдете радост околу себе и уживајте во тоа, без грижа на совест.

Стрелец

Можно е да сте на работ на нервите овој викенд. Пробајте да се поврзете со семејството и да најдете радост во домот. Тоа ќе ви дојде одлично овој викенд.

Јарец

Точно знаете што треба да кажете и да направите, но не се плашете да бидете љубезни и да помогнете некому, особено некој кој суптилно ви покажува дека му е потребна помош. Никогаш не можете да знаете чиј живот можете да промените.

Водолија

Потребен ви е план, но и увид во тоа што не функционира во вашиот живот. Потрудете се да дојдете до тоа, овој викенд. Чекор по чекор.

Риби

Можно е да се соочувате со грижи и несоница, но потребна ви е грижа за себеси. Ставете се себеси на прво место, другите ќе го разберат тоа.