Викенд хороскоп: Време е за одлука - ќе тапкаме во место или ќе направиме голема промена за себе?

Што ни носи хороскопот за викенд, од 18 до 21 јуни?

Во сабота настапува тригонот на Месечината и Меркур што ни носи лесна енергија и духовитост, но и практично размислување и силни таленти. Ова е период кога треба да најдеме баланс меѓу фантазијата, креативноста и рационалноста. Месечината во Вага ни носи љубезност, потреба за љубов, искажување на чувствата и ведрина. Овој аспект може да им донесе и среќа на оние кои бараат нова љубов.

На 20 јуни започнува ретроградното движење на Јупитер во знакот Риби, а оваа енергија ќе биде присутна до 18 октомври. Пред нас е враќање на минатото и длабока анализа. Иако се движи ретроградно, Јупитер е планета на среќата, љубовта и изобилството а во овој период ќе ни донесе исцелување и поглед напред, и ќе нè поттикне да ги искористиме старите искуства и стекнати знаења за да направиме некои промени во нашиот живот, но на подобро.

Во недела, Нептун прави квадрат со Сонцето и нè поставува пред голем избор -  дали ќе се плашиме од промените и ќе тапкаме во место или ќе се фокусираме на нашиот личен развој. Изберете го она што најдобро ви лежи на душата.