Викенд хороскоп: Време е за мала и голема среќа

Денеска, во петок настапува еден интересен аспект меѓу Марс и Нептун, а тоа е квадратот меѓу нив.

Внимавајте на ветувањата кои можеби нема да ги исполниме. Не брзајте со донесување одлуки, бидејќи можни се грешки. Ова е аспект кој највеќе ќе го почувствуваат оние кои се родени во Близнаци или кои имаат Марс во овој знак.

Ова е поволен ден за анализирање и филозофија, но не и за конкретна акција или делување. Подобро е да изгледате добра серија или да отидете на прошетка, а можеби и да најдете добра книга.

Викендот ќе биде одличен бидејќи две планети Јупитер и Венера се во убав однос и ни носат среќа. Некои знаци ќе доживеат мала, други пак голема изненадна среќа. 

Заблагодарете му се на универзумот за сите убави нешта во вашиот живот. Убавината секогаш ќе биде присутна околу вас, но ваше е да ја забележите.