Викенд хороскоп: Време е да замислите желба

На 14 мај, Јупитер влезе во знакот Риби што значи дека овој викенд ни ја носи магијата на оваа моќна планета.

Јупитер е планета на богатството, успехот и напредокот, а од друга страна пак Рибите се знак кој означува емоции и нежност. Затоа, овој викенд е одличен период да се разбереме себеси и светот околу себе, но и да ги искористиме шансите кои ни ги испраќа универзумот. Време е да поставиме нови цели, силно да посакаме и да привлечеме среќа во животот.

Рибите понекогаш се плашливи и ранливи, но Јупитер ни ја носи силата да се соочиме со тоа. Да не се плашиме ниту од другите ниту пак од себеси, а време е да се ослободиме и од стравовите кои долго време ги имаме во себе. Ова е најважната порака за овој викенд. 

Во сабота ни доаѓа и секстилот на Месечината во Рак и Уран во Риби што ќе влијае на кариерата за некои од нас. Ни доаѓаат силни лични амбиции, но  и можности конечно да тргнеме кон она што сметаме дека го заслужуваме. Што и да почнеме овој викенд, ќе имаме голема поддршка од универзумот.

Недела е ден за љубов, уметност, поврзување со блиските, но и сонување. Тригонот на Месечината во Рак и Нептун во Риби ни дава силна смисла за уметност и естетика, атрактивни сме за другите, но и сонливи и посакуваме силни нешта.