Викенд хороскоп: Сабота за дружење, недела за големи одлуки

Во сабота се чувствуваме поинаку од вообичаено. 

Месечината полека преминува во Близнаци, па полесно ни е да се свртиме кон комуникација, забава и дружење. 

Во сабота Месечината прави тригон со Сонцето и Сатурн, Венера секстил со Нептун. Ова е совршен ден за дружење со пријателите или за семеен ручек. 

Во недела, Месечината прави и тригон со Јупитер во Водолија и многумина ќе посакаат да се одморат. Можно е добро да си поминете ако одлучите да поминете време во природа. Недела е и одличен ден за големи одлуки. 

Слушнете ги советите на постарите членови на вашето семејство или барем побарајте совет ако ви е потребен. Знаењето доаѓа кога сме млади, но мудроста созрева со текот на годините. Ако треба да донесете важна одлука, почекајте малку и слушнете ги советите а дури потоа одлучете.