Викенд хороскоп: Раковите сонуваат за патување, Шкорпиите се емотивни

Веќе не знаеме ниту кој ден од неделата е, ниту која дата. Сите денови ни се исти, а времето минува.

Но, што ни носи хороскопот овој викенд?

Овен

Месечината во Риби ве прави интроспективни и некако сакате да бидете зен, да размислувате, да се одморите а важно е да се потсетите и на тоа што ве прави да бидете среќни и за што сте благодарни. Сабота, можете да зготвите нешто интересно, а и да им се јавите на оние кои ви значат.

Бик

Вам ви е потребна социјална интеракција, овој викенд. Бидејќи тоа не е дозволено овие денови, потрудете се да излезете на сонце на вашата тераса и да им се јавите на оние со кои можете да зборувате долго на различни теми. Посветете го овој викенд на тоа.

Близнаци

Овој викенд е време да размислите за вашата кариера, драги Близнаци. Направете листа на предности и лоши страни. Можеби е време да размислите и што сакате да правите штом сето ова заврши. 

Рак

За вас, седењето дома е вистински благослов. Но, некако размислувате за патувања, за сите оние нешта кои сакате да ги видите штом сето ова ќе заврши. Можете да го искористите викендот за да истражите некои интересни места, но и да научите нов јазик. 

Лав

Лавовите во последно време размислуваат само за секс, а вистинска среќа е за оние кои се заглавени во карантин со своите сакани. Можеби е време да седнете и да разговарате за важни нешта, како и за тоа каде и како сакате да се развива вашата врска понатаму. Во недела можеби ќе бидете понервозни од вообичаено, па препорачуваме да земете боенка или да изберете некој добар филм за да се опуштите.

Девица

Меркур, Венера и Марс се здружуваат за да ви помогнат во комуникацијата, овој викенд. Време е да имате важен разговор кој го одложувавте долго. Овој викенд е вистинско време да се случи тоа.

Вага

Овој викенд ќе бидете многу емотивни и анксиозни и иако тоа е во ред, можеби треба да се присоберете и да се трудите да не ги повредите оние кои се околу вас. Искористете го викендот за да се тргнете од социјалните мрежи и да прочитате книга на вашата тераса. Сонцето ќе ви дојде добро за да се опуштите.

Шкорпија

Риби и Нептун ги здружија силите, па овој викенд ќе чувствувате многу, драги Скорпии. Но, ќе треба да ги предупредите и тие што живеат околу вас да бидат внимателни. Добрата вест е тоа што можете да се опуштите со помош на некаква креативна активност. Не дозволувајте да заглавите во вашите мисли.

Стрелец

Овој викенд е одличен за да го исчистите својот дом. Исчистете го плакарот, ослободете се од оние работи кои не ви се веќе потребни и организирајте се добро. Тоа ќе ви даде добро чувство. 

Јарец

Планетите се посветени на комуникација за вас, драги Јарци. Време е да се потрудите да се поврзете со блиските. Искористите го слободното време и да научите нешто ново, како нов јазик или пак да стекнете некое ново знаење.

Водолија

Внимавајте на парите овој викенд. Имате голем порив да трошите, а сега не е време за тоа. Опуштете се со некоја добра книга и заборавете на онлајн шопингот.

Риби

Заборавете на своите обврски и одговорности за момент. Исчистете го домот, средете ја кујната и терасата, но не го проверувајте меилот. Време е за јога или пак за повторно прегледување на една од вашите омилени серии.