Викенд хороскоп: Преземете ги работите во свои раце, за да остварите сè што ќе посакате

 

Додека енергијата на Месечината во Овен се движи директно, се движиме во квадратот на Сонцето и  Нептун, што ни дава сосема поинаква насока.  Затоа и чувствуваме дека нашите желби не се во согласност со практичните цели и планови. Но, можеме да го постигнеме тоа што го посакуваме.

Во сабота, енергијата се подига и ни дава можност да бидеме физички поактивни и да постигнеме многу. Ќе имаме и повеќе самодоверба. Недела е ден кога ќе можеме да направиме баланс меѓу двете работи така што ќе поставиме јасни граници. 

 

Овен

За Овните доаѓа до голем пресврт. Но, како и секогаш, многу работи зависат од нив. Ништо нема да биде досадно за родените во овој знак, овој викенд. Може да дојде до страствени моменти или пак почеток на сериозна врска.

Бик

Доаѓа возбудлив викенд за Биковите. Една личност може да иницира средба, што може да предизвика паника кај бавните Бикови. Но, тоа е само поради тоа што им се допаѓа таа личност. Не ја одбивајте поканата.

Близнаци

Викендот е посветен на саканата личност, ќе најдете време еден за друг и конечно ќе можете да донесете одлука и за некое заедничко патување. Уживајте во убавите мигови и продолжениот викенд.

Рак

Раковите овој викенд ќе го поминат на планирање. Слободните Ракови конечно ќе се потрудат да сфатат што сакаат, додека пак оние во врска ќе сакаат да си земат време за себе, подалеку од саканата личност и да утврдат што сакаат понатаму. 

Лав

Доаѓа опасен викенд за овие освојувачи. Ќе бидете постојано излезени и без оглед на тоа дали сте во врска или не, ќе уживате во флертот. 

Девица

Ова е викенд на многу понуди за Девиците. Ваше е само да се опуштите и да го земете тоа што го сакате, без чувство на вина или размислување што ќе биде утре. Уживајте до максимум.

Вага

Вагите ги очекува интересно изненадување од личноста на која и се допаѓаат. Искористете го моментот за уживање. Слободните Ваги ќе уживаат во флертот овој викенд, убави моменти за паметење.

Шкорпија

Ве очекува многу возбудлив викенд, што и да одлучите да направиме. Разговарајте, флертувајте, танцувајте. Ова како е да ваш викенд. Така ќе се чувствувате.

Стрелец

Досадно ви е и ги нема вашите пријатели, па не знаете што да направите со себе. Можеби е време да експериментирате. Овој викенд направете нешто што не сте го направиле досега, потсетете се на тоа како е да се биде авантурист.

Јарец

Време е да подискутирате за проблемите во вашата врска. Разговарајте искрено и директно и не го кријте тоа што го чувствувате и мислите. Но, најдете време и за себе, потребен ви е одмор повеќе од било кога.

Водолија

Избегнувајте да молчите овој викенд. Што и да е, бидете искрени и кажете што е тоа што го сакате, од себе и од другите. 

Риби

Доаѓаат промени овој викенд. Ако барате романса, многу веројатно е да запознаете нова љубов овој викенд.