Викенд хороскоп: Позитивни промени за Стрелците и Водолиите

Прочитајте што ни носи хороскопот овој викенд.

Овен

Месечината во Бик во вашата втора куќа на финансии денеска во петок ви носи грижи поврзани со приходите и вашите сметки. Некои пријатели можеби ќе ви побараат заем, но вие не сте обврзани да им помогнете. Во сабота и недела, Месечината во Близнаци се усогласува со вашата енергија и ви помага да сфатите колку ви значи партнерот или некоја друга личност во вашиот живот, а со тоа сте потикнати и да делувате и да ги покажете емоциите.

Бик

Месечината во Бик го осветлува вашето прво поле на себеси и вашата личност и ви помага да ја зголемите својата самодоверба. Но, истовремено е зголемена и вашата чувствителност и свест. Сабота и недела, Месечината преминува во Близнаци носејќи ви просперитет. Со опозицијата кон вашата владејачка планета Венера, можеби ќе бидете во искушение да прикриете нешто.

Близнаци

Петок е ден за опуштање кога Месечината во Бик ја осветлува вашата дванаесетта куќа. Ќе успеете да излезете од долгогодишната напната ситуација. Во сабота и недела, Месечината во Близнаци ви помага да се развиете, ќе имате чувство како да летате. Тригонот меѓу Меркур и Месечината е особено добар во недела за љубов и соништа.

Рак

Вечера со пријателите е идеална активност за вас во петок кога Месечината ја осветлува вашата единаесетта куќа. Разговорите ќе бидат длабоки, но корисни за вас и благодарение на тригонот на Марс и Плутон. Во сабота и недела, Месечината во Близнаци ве поттикнува да нурнете во својата духовна пракса додека минува низ вашата дванесетта куќа. Работете на себеси и тоа ќе ви донесе голема среќа.

Лав

Овој викенд, фокусот е на вашиот шарм, харизма и сексуалност. Оваа недела, вие сте во центарот на вниманието. Во љубовта ве очекуваат нови и сјајни активности, а работите се еднакво интересни и на работа. Ве очекуваат и одлични финансиски приливи. Обрнете внимание на својата состојба на умот бидејќи доаѓа време да се насочите на своите вредности и принципи на живеење.

Девица

Посветете се на остварување на своите соништа и планови кои долго време посакувате да ги остварите. Исто така, ова е период кога можеби ќе запознаете личност која ќе ви се допадне. Можен е и почеток на убава љубовна врска. Девиците кои се веќе заљубени ќе поминат убав романтичен викенд.

Вага

Не се откажувајте, не бегајте од себеси и најдете го вистинскиот пат овој викенд. Не потпаѓајте на негативно размислување, туку и да минувате низ лоши моменти, кажете си дека сè се менува и ќе биде во ред. во недела би требало да престанат лошите вибрации, па ве очекува повеќе оптимизам и позитивна енергија.

Шкорпија

Понекогаш ви се чини како целиот свет да е против вас, а овој викенд особено ќе биде присутно ваквото чувство. Главната причина за тоа е вашата тешка природа. Шансите за конфликт се големи, а сега не е време за никакви радикални промени. Подобро е да успорите и да најдете начин да се опуштите. Најдобро е да го поминете викендот сами барајќи решение за она што го чувствувате.

Стрелец

Послушајте ја интуицијата, таа ќе ви помогне. Можно е овој викенд да дојдете до нов извор на приходи, а можни се и конфликти со некоја блиска личност, па затоа бидете внимателни. Само искрен разговор може да ја урамнотежи вашата состојба. Испланирајте го викендот според она што е најдобро за вас.

Јарец

Издржливоста која е својствена за вашиот знак ќе игра голема улога во вашиот живот, овој викенд. Таму каде што другите се откажуваат, вие ќе одите напред. Овој викенд е сепак исполнет со многу задачи кои можете да ги совладате. Сепак, најдобро е да се потрудите да не паѓате со духот и да си кажете дека секој проблем е корисно сикуство низ кое растеме. 

Водолија

Овој викенд е богат со позитивни промени за родените во овој знак. Доаѓаат радосни моменти кои можат да ви донесат корисна соработка и дополнителни приходи, а тоа е нешто што одамна го посакувате. Ве очекува стабилност на работата, а некои Водолии можеби ќе започнат сериозна врска. 

Риби

Овој викенд ќе искористите неочекувана шанса да бидете среќни, а тоа ќе ве направи горди на себеси. Сепак, не заборавајте дека другите, исто како и вие, имаат право да го изразат своето мислење. Научете да ги сослушате другите луѓе, инаку можни се конфликти со шефовите и колегите. Викендот е добар и за домашни работи.