Викенд хороскоп: Потребно е да ги надминеме своите блокади и стравови

 

Овој викенд со нас е лунарната еклипса која нè поврзува со иднината и ги менува нашите односи. Таа од нас бара да ги преиспитаме сите лични полиња, почнувајќи од односите со другите луѓе. Ќе ни годат пријатни разговори, но можни се и нервози и тензии.

Потребно е да ги надминеме своите стравови и да се фокусираме на тоа што ни е важно. 

Конјукцијата на Меркур со Сатурн која започнува денеска ни дава можност низ суптилна комуникација да ги исцелиме сите непријатни чувства и да уживаме во тишината. Таа ни носи големо знаење и решение за ситуациите кои ни носат предизвици. 

Потребно е да ги надминеме стравовите и блокадите, јасно фокусирајќи ја својата енергија на интеграција на умот и телото.