Викенд хороскоп: Овните се пред важна одлука, Јарците сакаат да се сами

Што ги очекува хороскопските знаци овој викенд?

Денеска, во сабота Меркур креира тригон со Нептун во Риби, а тоа ја изострува нашата интуиција, но и склоност кон уметност и естетика. Ќе сонуваме и посакуваме убав нешта, ќе бидеме во облаци и тешко ќе ни биде да се спуштиме на земјата и да се вратиме во реалноста.

Во недела, еден од главните аспекти е Меркур во Рак во опозиција со Плутон во Јарец, што ќе направи да бидеме брзоплети и сите нешта да ги сфаќаме личност. Но, на полето на љубовта ни доаѓаат добри вибрации и љубовен бран, но и финансиски потешкотии.

Овен

Овој викенд ќе бидете во облаците и нема да бидете достапни за другите. Полесно ќе ви биде да фантазирате отколку да се занимавате со својата реалност, која не ви се допаѓа сега. Но, важно е да се спуштите на земја и да донесете една важна одлука.

Бик

Морате да научите да ги слушате мислењата на другите околу себе, наместо упорно да мислите дека само вие сте во право. Само така ќе успеете да го видите светот на поинаков начин, а тоа ќе ви се допадне иако не ви изгледа така сега.

Близнаци

Пред вас е интересен викенд, а можно е некои од вас да мораат да работат понапорно од вообичаено. Не се исцрпувајте, пробајте да најдете време за одмор и за луѓето кои ви значат.

Рак

За вас е важно да се откажете од постојаната потреба да им угодите на другите околу себе. Посветете се на својата среќа овој викенд, слушајте го своето срце и дозволете го тоа да ве води.

Лав

Овој викенд ќе имате силна инспирација. Ве очекуваат успеси на полето на кое работите. Низ сето ова, ќе се чувствувате посамоуверено и посреќно од било кога.

Девица

Овој викенд ви нуди одлична можност да поминете време сами, смирени и посветени на себеси. Имавте доволно време да ги воочите своите грешки од минатото, но и да научите да не ги повторувате понатаму. 

Вага

Морате да научите како да стекнете самодоверба, ова ќе ви помогне да се соочите со задачите кои ве очекуваат а кои во голема мера зависат од вас. Другите ве следат будно, покажете им што умеете. Ќе имате и силна желба да испробате нешто ново.

Шкорпија

Пробајте да се одморите и опуштите. За вас е важно да избегате од секојдневната рутина и да најдете нешто ново што ќе ве исполни. Уживајте во слободното време не мислејќи на ништо друго.

Стрелец

Ќе сакате да научите нешто повеќе, па ќе бидете посветени на новите вештини овој викенд. Освен тоа, ќе се насочите кон некое ново хоби или нов начин на заработка. Имате големи планови за иднината.

Јарец

Ќе ви биде тешко да ги контролирате сопствените емоции, но ова е период кој ќе помине. Пробајте да бидете сами за да можете да ја обновите длабоката врска со себеси. Ваквиот процес ќе донесе одлични резултати.

Водолија

Викендот ќе биде исполнет со позитивна енергија за вас. Освен тоа, ќе најдете храброст да направите промени во секојдневието, кои се мали но значајни. 

Риби

Ќе бидете креативни и постои голема шанса да постигнете голем успех. Среќата ќе ви помогне и успешно да комуницирате со другите. Важно е само правилно да го организирате своето време.