Викенд хороскоп: Опуштени денови се пред нас

Ова е одличен период за учење и стекнување ново знаење.

Денеска започна еден моќен аспект на Јупитер и Меркур. Овие две планети ја имаат конјункцијата во знакот Водолија и тоа за последен пат во оваа година. 

Доаѓаат и одлични денови за разговор со личност која има големо животно знаење, претставува авторитет во некоја област или пак некој од кого едноставно можеме да научиме многу. Денеска е и одличен ден за консултација со правник или адвокат.

Викендот ќе биде опуштен и мирен, бидејќи Месечината е во Стрелец, а на Стрелецот не му се познати заморот и тешкото размислување. Внимавајте на исхраната и не претерувајте. Не давајте ветувања во налет на добро расположение, особено нешто што ви е тешко да го исполните.

Во недела, Месечината поминува во Јарец. Тоа ќе ја разбуди амбицијата во сите нас. Доаѓа некое поинакво чувство на одговорност и грижа за другите.