Викенд хороскоп: Нова љубов, раскинувања, промени во односите со луѓето

Почнува младата Месечина, моментално сме во фаза на ретрограден Меркур, а Марс е и уште ретрограден. Ова е викенд кој носи раскинувања, промени во односите, но и нова љубов.

Оваа млада Месечина е повик да се свртиме кон духовното учење и работа на себе. Доаѓа добра инспирација, религиозност и спиритуалност, но и голема љубов кон другите и можност да го надминеме своето его. 

Во сабота и недела, ја чувствуваме светлината на Месечината и Сонцето во квадрат со силниот Сатурн. Тоа може да укаже на недоразбирања со родителите или некоја друга личност, која претставува авторитет за вас. Но, тоа е само површна манифестација која наскоро ќе ви го покаже своето подлабоко значење. 

Некои луѓе ќе почувствуваат тешка енергија особено ако се во тешки и непријатни односи кои долго ги носат низ својот живот, но не наоѓаат доволно сила за да заминат. Но, ова е време да се остават некои работи позади нас, време да собереме храброст за тоа.

Сатурн е тука да нè потсети колку сме силни низ периодите на криза, депресија и тежина. Тој носи потсетување за нашите најдлабоки потреби, поради кои постоиме на овој свет. Треба да знаете дека ако некој ве напушти овие неколку денови, таа личност не била за вас.