Викенд хороскоп: Ни доаѓа топол бран од љубовен занес

Што ни носи хороскопот овој викенд?

Месечината во Овен е во квадрат со Плутон во Јарец што нè тера да идеализираме и да бидеме сонливи. Можно е да се залажуваме себеси, да сме чувствителни и како да ни недостасува рамнотежа. Овој аспект настапи вчера во петокот, а денеска нè очекува секстилот на Месечината и Јупитер во Водолија.Ова е совршен ден за поправање на финансиската ситуација. 

Сабота е одличен ден и за љубов со Месечината во Бик и Венера во Девица. Ова е Искрени сме кон оние што ни значат и имаме позитивен поглед кон животот. Сакаме да се препуштиме на љубовта и да уживаме без размислување.

Се грижиме за другите околу нас, се чувствуваме полетно и нашата визија за љубовта е исполнета со оптимизам, а доколку сме во потрага по сродната душа не треба да останеме затворени дома. Отворете го срцето, привлечете ја љубовната енергија и уживајте на љубовните вибрации.

Во недела ни доаѓа конјункцијата на Сонцето и Меркур во Лав. Ова е ден кој ни носи интензивна умствена енергија, одлична концентрација и добро паметење. Освен тоа, нашите интелектуални способности се на највисоко ниво, па време е за длабок разговор со личноста која ни се допаѓа.

Но, овој ден носи и измешани енергии. Поради влијанието на тригонот на Месечината во Бик и Плутон во Јарец, нашиот емоционален живот станува поактивен. Доживуваме будење на нашите сетила. Можно е да откриеме желба за авантура, патувања и нови места.