Викенд хороскоп: Награди за Биковите, Близнаците се пред важни одлуки

Што ни носи хороскопот овој викенд?

Овен

Во петок и сабота, Месечината во Водолија ја осветлува вашата единаесетта куќа на пријателство и хуманост. Испланирајте нешто забавно со своите пријатели, а добро би било и доброволно да се вклучите во нешто што ви значи. Во сабота попладне, Месечината се движи во Риби и ја активира вашата дванаесетта куќа на соништа, визии и променети состојби.

Бик

Во петок и сабота наутро, Месечината во Водолија ја осветлува вашата десетта куќа на кариера и успех, а конјункцијата со Јупитер во сабота наутро ги освежува вашите таленти и способности, носејќи ви и награда за вашиот труд. Месечината во сабота попладне се движи во Риби, а со тригонот со вашата владејачка планета Венера во Шкорпија, ја истакнува романтиката особено недела наутро.

Близнаци

Месечината во Водолија во петок и сабота ја осветлува вашата деветта куќа на авантура, а поврзаноста со Јупитер во сабота наутро ве поттикнува на авантури и патувања. Ако тоа не можете да го направите веднаш, направете добар план за некое кратко патување или активност која ќе ви помогне да уживате. Во сабота попладне, Месечината се преместува во Риби во вашата десетта куќа на достигнувања. Тригонот на Венера во Шкорпија ја истакнува вашата креативност, што може да ви помогне на полето на кариерата и во носењето важни одлуки.

Рак

Месечината во Водолија ја истакнува вашата осма куќа на скриени мистерии. Поврзувањето со Јупитер ја проширува вашата интуитивна способност и ви покажува дека треба да најдете повеќе време за себеси. Месечината во Риби во сабота попладне и недела ја осветлува вашата деветта куќа на истражување, а Венера во недела наутро става фокус на уметноста и убавината.

Лав

Месечината во Водолија во петок и сабота ја осветлува вашата седма куќа на партнерства, а конјункцијата со среќниот Јупитер создава длабоки љубовни вибрации. Можеби ќе сакате да го преземете следниот чекор во вашата врска или со личноста која ви се допаѓа, а тоа ќе се случи под влијание на ваквиот транзит. Месечината се поместува во Риби попладне, а секстилот со Венера во Шкорпија ви носи и романса и длабока поврзаност во текот на целиот викенд.

Девица

Во сабота важно е да се фокусирате на своето здравје и добросостојба, но и навиките и начинот на живот. Ова е одличен период да почнете да се грижите за себеси. Конјункцијата меѓу Месечината и Јупитер може да ја зголеми љубовта кон себеси и да ви донесе енергија на промени. Месечината во Риби во недела ја осветлува вашата седма куќа на партнерства, додека пак секстилот со Венера ја засилува романсата.

Вага

Месечината во Водолија во петок и сабота ја усогласува вашата енергија и ја осветлува вашата креативност, а конјункцијата со Јупитер додава дополнителен елемент на вашите уметнички потфати. Месечината во сабота попладне и недела наутро се вселува во чувствителните Риби, а тригонот меѓу Месечината и вашата владејачка планета Венера ја активира љубовта кон себеси. Одморете се добро, опуштете се и уживајте во викендот.

Шкорпија

Овој викенд носи фокус на семејството и домот додека Месечината е во знакот Водолија во петок и саботаа тоа ви носи добрина, љубов и грижа за домот. Месечината во сабота попладне се поместува во Риби, што ја усогласува вашата енергија и ќе ја осветли вашата петта куќа на креативност. Тригонот меѓу Месечината и Венера дополнително ја истакнува вашата креативност.

Стрелец

Месечината во сабота ја активира вашата трета куќа на комуникација и ви овозможува лесно да се поврзете со другите луѓе. Месечината во сабота попладне се вселува во Риби, осветлувајќи го вашиот дом, семејството и уметноста. Можно е да посакате да направите некои работи во домот, во однос на декорации и измени во ентериерот.

Јарец

Еспанзивната Месечина во Водолија ги нагласува вашите лични финансии, а поврзаноста со великодушниот Јупитер може да ви донесе повеќе пари. Во сабота попладне, Месечината се преместува во Риби, активирајќи ја вашата трета куќа на комуникација, врски и заедници. Излезете од домот и погледнете што се случува во вашиот крај, запознајте се со новите соседи, создадете контакт со заедницата. Бидете љубезни.

Водолија

Месечината во вашиот знак ја осветлува вашата прва куќа во петок и сабота, а комбинацијата со веселиот Јупитер ви помага да ги видите и цените оние работи кај себе за кои можеби и не сте свесни. Месечината во сабота попладне се вселува во вашата втора куќа на просперитет, а во недела наутро ќе ви донесе и финансиска награда.

Риби

Месечината во Водолија ја осветлува вашата дванаесетта куќа на соништа и променети состојби во петок и сабота наутро. Поврзувањето со Јупитер ја продлабочува вашата врска со себеси, како и вашата интуиција. Месечината во сабота попладне се преместува во вашиот знак, осветлувајќи ја вашата прва куќа и давајќи ви фокус на себеси.