Викенд хороскоп: Месечината во Шкорпија ни носи одлична енергија

 

Некои од знаците овој викенд ќе чувствуваат потреба за драма, а други ќе почувствуваат силна потреба за емоционална поврзаност. 

Исто така, овој викенд ќе бидеме подготвени да ги решиме заостанатите проблеми. За некои знаци во сабота ќе биде изразена интуицијата, а други ќе успеат конечно да донесат многу важни одлуки. Во недела треба да се чувате од големо исцрпување и да не ја трошите енергијата  беспотребно. 

Можни се и изненадни информации или ситуации кои имаат за цел да не научат на важна лекција. Секоја нервоза во комуникацијата би требало да ги претвориме во рамнотежа. 

Ако барате нови решенија, може да дојде до радикални и автентични идеи. Бидете искрени, следете ги своите чувства и потрудете се да не делувате импулсивно. Нека ве водат  вистинските потреби. 

Недела е ден за одмор кој ќе ни помогне да се регенирираме и ни носи нова енергија.