Викенд хороскоп: Љубовна магија за Девиците, добри вести за Стрелците

Што ни носи хороскопот во периодот меѓу 26-29 ноември?

Овен

Месечината во Лав ја засилува вашата креативност во петок, а опозицијата со Јупитер прави драматични промени. Потоа, таа преминува во Девица каде ќе го помине остатокот од викендот во вашата шеста куќа на здравје и грижа за себеси. Не ги одложувајте оние работи кои имаат моќ да ви го поправат денот. Време е да се негувате себеси и да се подготвите за сезоната на празниците.

Бик

Семејството е во центарот на вниманието додека Месечината престојува во Лав во вашата четврта куќа денеска во петок. Притоа, опозицијата со добронамерниот Јупитер ќе осигура да уживате во времето поминато со другите. Во сабота Месечината преминува во Девица каде ќе остане до крајот на викендот. Посебно поволен транзит за вас е тригонот со вашата владејачка планета Венера во Јарец, недела наутро. Ќе посакате да излезете од дома да минете време со другите и да си купите нешто.

Близнаци

Месечината во Лав во петок ја осветлува комуникацијата, врските со другите и го прави овој ден одличен за дружење. Веќе во сабота, таа преминува во Девица во вашата четврта куќа на домот и семејството. Месечевата опозиција со Нептун во Риби во недела ви носи креативна енергија и можност за креативни активности. Време е да се посветите на вашите хобија и интереси.

Рак

Месечината во Лав во петок влијае на тоа како трошите. Осигурајте се дека ќе внимавате на финансиите за да уживате во претстојниот период. Потоа Месечината минува во Девица и ја осветлува вашата трета куќа на комуникација и останува таму до крајот на викендот. Следете ја желбата да излезете од домот и да се поврзете со другите. Ова е одличен период и за хуманитарни активности. 

Лав

Во петок, Месечината минува низ вашиот знак а тоа ќе ја зголеми вашата самодоверба, оптимизам и расположение. Ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот. Потоа, меѓу петок и сабота таа преминува во практичната Девица каде вашето внимание го насочува кон личните финансии и основни вредности. Месечината е во квадрат со Сонцето во Стрелец во сабота наутро. Можно е да бидете растргнати меѓу она што сакате да го правите и она што сметате дека треба да го направите. Искористете ја енергијата на Месчината за јакнење на свеста, така ќе го пронајдете најдобриот ритам.

Девица

Во петок, Месечината е во Лав наспроти духовниот Јупитер и ја осветлува вашата дванаесетта куќа на соништа. Уживајте во своите авантури, но следете ги и знаците од универзумот. Месечината во сабота преминува во вашиот знак и таму останува до крајот на викендот. Месечината е наспроти Нептун во Риби во вашата седма куќа на партнерства и ве насочува кон тоа да направите прв чекор кон личноста која ви се допаѓа.

Вага

Пријателите и друштвените односи се во центарот на вниманието додека Месечината престојува во Лав во петок и ја осветлува вашата единаесетта куќа. Можно е да запознаете луѓе кои ќе ви станат добри пријатели. Месечината потоа преминува во Девица и останува таму до крајот на викендот, а овој транзит ви помага да уживате во креативноста.

Шкорпија

Месечината во Лав ја осветлува вашата десетта куќа на кариера и во опозиција со Јупитер ви носи нови можности на ова поле. Во сабота, Месечината преминува во Девица во вашата единаесетта куќа на пријателства така што ќе посакате да бидете меѓу луѓето, да се дружите и да споделувате знаења и искуства.

Стрелец

Месечината во Лав ја осветлува вашата куќа на авантурите, а опозицијата со Јупитер додава убава енергија. Ќе посакате да се опуштите, да се забавувате, да ги проширите видиците и да направите планови. Месечината потоа преминува во земјената и практична Девица што ја осветлува вашата десетта куќа на кариера и достигнувања. Ве очекуваат добри вести на ова поле. 

Јарец

Месечината во Лав во петок ја осветлува вашата осма куќа на интимност и внесува страст во вашиот живот, а опозицијата со Јупитер ја зголемува и вашата самодоверба. Месечината во сабота преминува во Девица и останува таму до крајот на викендот и тоа во вашата деветта куќа на авантурите. Ќе ви годи да минете време во природа.

Водолија

Вашата седма куќа на посветеност и партнерство е осветлена од Месечината во Лав во петок. Потоа, таа преминува во Девица каде ќе ја осветли вашата осма куќа на интимност и длабока поврзаност, а тригонот со Венера во вашата дванаесетта куќа додава малку мистерија, романтика и сјај на вашата врска.

Риби

Месечината во Лав сјае во вашата шеста куќа на здравје и добростојба, а опозицијата со Јупитер може да донесе мала стагнација. Во сабота, Месечината преминува во Девица каде ќе биде до крајот на викендот и тоа во вашата седма куќа на партнерства. Тоа ви носи романса, а опозицијата со Нептун носи и малку мистерија на ова поле. Уживајте!