Викенд хороскоп: Измешани емоции за Јарците, романтични денови за Рибите

Прочитајте што ни носат ѕвездите овој викенд.

Овен

Авантурата е вашето средно име, а младата Месечина и соларната еклипса ја осветлуваат вашата деветта куќа. Помрачувањето ќе ви ги покаже оние начини на однесување кои ви пречат на патот до среќата, а младата Месечина ве повикува да го посадите семето на новите навики и новиот живот и да се впуштите во нови проекти и потфати.

Бик

Овој викенд погодена е вашата осма куќа на интимност, заеднички ресурси и тајни. Помрачувањето на Сонцето ви носи важна лекција во однос на емоциите од кои треба да се ослободите за да ја изградите врската кон која тежнеете, а младата Месечина се однесува на нови почетоци.

Близнаци

Партнерството и посветеноста се во фокусот на ѕвездите со тоа што помрачувањето на Сонцето и младата Месечина ја осветлуваат вашата седма куќа. Помрачувањето може да ви помогне да ги видите препреките кои стојат на пат до вашата среќа, а младата Месечина ве поттикнува да тргнете во нови проекти кои ве возбудуваат и ве одушевуваат. 

Рак

Работа, навики, здравје и грижи се полињата кои се осветлени од соларната еклипса и младата Месечина овој викенд. Помрачувањето јасно ви покажува што ви стои на патот до среќата, така што ќе најдете начин да се ослободите од тоа. Младата Месечина ве кани во нови насоки и ве повикува да тргнете во нови потфати.

Лав

Љубовта, страста и креативноста добиваат огнена енергија под влијание на Стрелецот додека во фокус е вашата петта куќа на оптимизам. Помрачувањето ги повикува емоциите кои не ви се потребни, а младата Месечина ве насочува кон нови цели во животот.

Девица

Младата Месечина ви носи инспирација и креативност кога станува збор за уредувањето и реконструкцијата на домот. Соларната еклипса ве ослободува од непотребните навики и луѓе кои ве кочат во животот, додека пак младата Месечина бара од вас да почнете да планирате за следната година.

Вага

Енергијата на планетите сместени во знакот Стрелец ви дава енергија во вашата трета куќа на заедница, поврзаност и комуникација. Ќе посакате да останете во домот и да поминете време со своите блиски. 

Шкорпија

Планетите кои се присутни во оптимистичкиот Стрелец, овој викенд ја осветлуваат вашата втора куќа на финансии и основни вредности. Тука ги имаме и младата Месечина и соларната еклипса кои ви носат ослободување од некои стари обрасци на однесување и нови правци во кои ќе посакате да нурнете.

Стрелец

Бидете внимателни. Младата Месечина и соларната еклипса се присутни во вашиот знак што може да ви донесе интензивен викенд исполнет со силни емоции, а и стрес. Ќе посакате едно, ќе кажете второ, а ќе направите трето. Помрачувањето ќе ви покаже што да намалите, а младата Месечина ќе ве однесе во нови насоки со поглед на перидот кој е пред вас.

Јарец

Планетите се присутни во дванаесеттата куќа што може да се чувствувате како да сте во две крајности. Еден момент ќе бидете интроверт, а другиот екстроверт.

За среќа, ќе успеете да управувате и со едното и другото и да воспоставите рамнотежа. 

Водолија

Ако некогаш е време за уживање и добра забава, тоа е сега кога помрачувањето на Сонцето и полната Месечина влијаат на вашата единаесетта куќа на пријателства и друштвени ангажмани. Помрачувањето на Сонцето влијае на начините на однесување кои треба да се менуваат за да бидете среќни, а младата Месечина ви носи можност да смените нешто и да почнете да размислувате во нова насока за да си ја овозможите таа среќа.

Риби

Овој викенд важно е да погледнете во своите амбиции и цели. Обрнете внимание и на своите емоции бидејќи ќе сфатите дека некои од нив не ви се веќе потребни. Некои Риби ги очекува почеток на слатка романса овој викенд.