Викенд хороскоп: Еден знак ќе ја сретне својата стара љубов

Каков викенд ве очекува?

Овен

Работните обврски се наталожуваат, а бидете внимателни како ќе се поставите во однос на организацијата. Не мислете на прекувремена работа овој викенд, тоа ќе се реши на почетокот на неделата со помош од некој од колегите.

Бик

Не се оптоварувајте со негативни работи, насочете ја својата енергија кон убавите работи кои ви се случуваат.

Близнаци

Немате причина за тоа, но постојано упатувате замерки кон партнерот. Не можат сите работи да бидат онака како што вие сте замислиле.

Рак

Имате нереални очекувања кога станува збор за љубовта. Никој не може да ги исполни вашите критериуми, а вие се тешите дека вистинската личност ќе дојде така лесно.

Лав

Ќе сретнете стара симпатија и тоа ќе ве направи многу среќни, но подоцна ќе сфатите дека можеби сте виделе некоја друга личност. Нека не ве чуди промената кај таа личност.

Девица

Вие се премислувате, но вашиот партнер точно знае што сака. Не дозволувајте тоа да влијае на вашата врска. Пробајте да избалансирате меѓу 2 крајности.

Вага

Можни се изненадувања во различни насоки. Ако нешто не пробате, нема ни да знаете дали е добро.

Шкорпија

Доживеавте големо разочарување, но не сакате да размислувате за тоа. Дајте си време за да ви помине.

Стрелец

Умеете да освоите нечии симпатии и ви оди добро во однос на тоа. 

Јарец

Ќе сретнете стара симпатија и ќе ви се укаже можност да продолжите онаму каде што сте застанале. Романсата повторно чука на врата.

Водолија

Некој се труди директно да ви покаже дека му се допаѓате, но вие не го забележувате тоа. Отворете ги очите.

Риби

Љубоморни сте и мислите дека партнерот крие нешто од вас. Не носете нагли одлуки и решете го проблемот со разговор.