Викенд хороскоп: Доаѓаат среќни денови за љубов

Недела ќе биде романтична за многумина од нас. 

Во четвртокот, Месечината формираше тригон со Венера и Нептун. Овие аспекти се магични бидејќи носат убава атмосфера на опуштеност, задоволство и среќа. Тоа е силна енергија.

Денеска, некои знаци ќе почувствуваат немир и мала нервоза, но пробајте да останете дома и да се опуштите, но и да не комуницирате со луѓе кои можат да го извадат најлошото од вас.

Потрудете се викендот да го поминете со своето семејство и во добро расположение. Месечината прави тригон со Сонцето и Марс и за многумина ова ќе донесе лесна и мирна енергија. 

Неделата ќе биде многу романтична, уживајте заедно со саканата личност, или пак конечно решете се да испратите порака на личноста која ви се допаѓа. Време е, ѕвездите ве поддржуваат во тоа.