Викенд хороскоп: Дали сте подготвени за големите предизвици на ретроградниот Меркур?

Пробајте да го избегнете влијанието на ретроградниот Меркур. Тоа нема да им оди од рака на сите хороскопски знаци.

Прочитајте што ни носи хороскопот за време на викендот.

Марс влегува во знакот Риби што носи голем замор и мала волја за било што. Марс во Риби, ја губи силата и се однесува како опиен или заљубен, но несреќно. Во овој период, потпирајте се на интуицијата, соништата и самите емоции, а не на рационналноста. Научете како да разговарате со себе и да се прифатите себеси -  сета своја сила која ја имате, но и своите слабости.

Ако не ви годат некои љубовни приказни, почекајте Венера да почне да се движи директно. Не донесувајте заклучоци, некои луѓе сами ќе се повлечат од вашиот живот, некои ќе останат покрај вас, колку и да не ви изгледа сето тоа реално. Прашајте се што сакате, без оглед на тоа дали станува збор за работата, љубовта или материјалните работи.

Комуникацијата ќе биде отежната со сите други знаци. Едно сте мислеле, друго сте кажале, а личноста разбрала нешто сосема трето. Тоа нема да го сфатите сега, туку ќе го откриете по некое време.

Затоа бидете внимателни, заборавате на плановите и сериозните разговори, туку посветете се на себеси, сопствената свест и ум.