Викенд хороскоп: 9-11 февруари

Што ни носи викендот?

Photo by Brooke Cagle on Unsplash

Овен

Овој викенд, посветени сте на самоподобрување, бидејќи Месечината ви носи одлична енергија. Но, бидете внимателни, бидејќи оваа енергија е силна и може да се манифестира и на негативен и на позитивен начин. Ако сте во врска и дојде до конфликти, насочете се кон позитивната комуникација и најдете сила да размислувате позитивно.

Слободните Овни се под влијание на младата Месечина која им носи страствена енергија во текот на викендот. Вашата харизма е интензивирана, што може да донесе нови луѓе во вашиот живот кои ќе бидат заинтересирани за вас. Не се плашете да бидете спонтани.

Бик

Овој викенд би можел да ви донесе мала тензија во љубовните односи. Имајте на ум дека секое партнерство има и добри и лоши страни, па затоа, не дозволувајте да ескалираат малите проблеми во врската. Наместо тоа, насочете се кон отворена комуникација.

Слободните претставници кои се подготвени да ја пуштат љубовта во нивниот живот, треба да ги држат своите очи, широко отворени. Можно е љубовта да влезе на голема врата во вашиот живот во следните денови. Уживајте во друштвото на другите луѓе, тоа може да ви донесе убави моменти.

Близнаци

Овој викенд ви носи мала непредвидливост. Наместо да дозволите хаосот да го расипе вашето расположение, бидете спонтани и оптимистични. Ако сте во врска, поминете повеќе време со саканата личност, тоа ќе ви донесе убави мигови, но и важни разговори.

Слободните Близнаци би можеле да дојдат до одговор или јаснотија во однос на некое прашање што ги мачело. Задржете го позитивното размислување и набљудувајте ги луѓето околу себе. 

Рак

Овој викенд носи убави искуства за Раковите. Но, ако има нешто што го криете од својата сакана личност, време е да се соочите со предизвиците. Отворената комуникација е најважна во овој период, бидејќи би можеле да се соочите со негативно расположение од страна на саканата личност.

Слободните Ракови се препуштени на дружењето. Не сакате да останете дома, а тоа би можело да ви донесе една нова и посебна личност во вашиот живот. Ако некој ви се допаѓа, не ги кријте своите чувства, овој викенд.

Лав

Младата Месечина би можела да влијае на вашето расположение. Ако сте во врска и се забележите дека сте иритирани, важно е да се потрудите да ја сочувате хармонијата. Не дозволувајте да започнете конфликт, само поради тоа што сте лошо расположени. Држете се подалеку од оние кои би можеле да внесат драма во вашиот живот.

Слободните претставници се подготвени да започнат ново љубовно патување. Викендот ви носи многу можности да најдете љубов. Уживајте во времето поминато со пријателите, а тоа би можело да ви донесе и нови луѓе. Ова е одличен викенд за љубов.

Девица

Можни се промени во вашето расположение и енергија, овој викенд. Веројатно ќе забележите и промени во начинот на кој размислувате, а тоа ќе ве поттикне да нурнете и во подлабока анализа. Ако се појави некоја личност од вашиот живот, соочете се со своите чувства и гледајте го ова како можност за раст. Ако сте во врска, бидете искрени кон саканата личност во однос на тоа како се чувствувате.

Слободните Девици минуваат низ период на интроспекција. Прифатете ги лекциите, позитивни и негативни и научете од минатите искуства. Не се нервирајте поради малите работи.

Вага

Вагите се во љубовно расположение, овој викенд. Ве очекува викенд исполнет со среќа и хармонија. Со ваквата позитивна атмосфера, ве очекуваат убави љубовни моменти со саканата личност.

Слободните претставници ги очекува бурен викенд. Потребно ви е внимание, а вие ќе го добиете во текот на следните денови. Препуштете се на забавни моменти кои ќе ви го подобрат расположението. Останете спонтани и љубовни и дозволете си да флертувате.

Шкорпија

Ако во изминатиот ден бевте посветени на подобрување на хармонијата на полето на љубовта, овој викенд ви носи можност да дојдете до точка во која љубовта ќе ви биде на прво место и вам и на саканата личност. Поминете квалитетно време заедно и дозволете си да уживате во друштвото.

Слободните Шкорпии размислуваат за тоа што им е потребно на ова поле. Се чувствувате како да минувате низ хаотичен период, но ова е добро време да размислите за своите очекувања. Штом точно сфатите што сакате, работите сами ќе дојдат на свое место.

Стрелец

Младата Месечина влијае на вашето расположение, а тоа може да ви донесе нетрпение и ниско ниво на толеранција. Бидете отворени за конструктивна комуникација, а потрудете се и да се тргнете од дискусиите кои ја трошат вашата енергија. Дајте им приоритет на моментите за одмор и подобрување на расположението, бидејќи тоа ви е најважно овој период. Ако вашиот партнер не е заинтересиран за истото, дајте си малку време да бидете сами.

Слободните Стрелци би можеле да се соочат со повеќе романтични можности. Сметајте се себеси среќни, бидејќи ве очекува изобилство на љубовни можности. Но, не носете брзи одлуки. 

Јарец

Планетите се здружуваат во вашиот знак, што значи дека овој викенд ви носи одлична комуникација. Препуштете се на интелектуални разговори и искуства кои ви годат. Ако сте во врска, бидете асертивни кон саканата личност и пристапете им на разговорите на начин кој ќе ја смали тензијата.

Слободните Јарци ќе треба да решат во што да ја вложат својата енергија на овој викенд. Не им давајте пристап до вас на луѓето кои не ја заслужуваат вашата енергија. Верувајте и на интуицијата. Таа ќе ве однесе во правилна насока.

Водолија

Ако викендот почне со мало ниво на енергија, потрудете се да бидете физички активни. Претходната недела ви ја истроши енергијата, па така, ако останете дома, тоа нема да биде најлошата одлука. Дозволете си да ги наполните своите батерии. 

Слободните претставници исто така треба да се трудат да најдат внатрешен баланс и да се посветат на активности кои ќе им донесат мир. Ако сте во потрага по љубов, практикувајте таков пристап. 

Риби

Овој викенд, вашиот фокус е на домашните теми. Ако сте во врска, би можеле да се решите за заеднички живот со саканата личност или пак на средување на заедничкиот простор.

Слободните претставници добиваат желба да го организираат својот живот. Посветете внимание на некои аспекти од вашиот живот кои ви се важни и исчистете го хаосот од вашиот живот. Окружете се со позитивни луѓе, што ќе ви донесе и добро расположение.