Викенд хороскоп: 6-7 јули

Што ни носи викендот?

Photo by Elizeu Dias on Unsplash

Овен

Работите ви изгледаат нормално однадвор, но многу работи се кријат под површината. Минувате низ лична трансформација. Овој викенд бара од вас да посветите внимание на она што ви е важно вам и да не обрнувате преголемо внимание на очекувањата од другите околу вас. Ова е моќен период за одлуки кои ќе ви помогнат да оставите некои нешта во минатото.

Бик

Време е за искрени разговори. Ако досега се плашевте да почнете некои тешки теми со вашите најблиски, ова е добар период за тоа. Не се плашете од тоа да бидете ранливи, а од друга страна, дозволете им го тоа и на другите околу вас. Ова може да ви донесе освежување во односите, што ќе ви дојде одлично. Не се плашете од промените во личните односи.

Близнаци

За време на овој викенд, најважна ви е сигурноста. Кои се луѓето или местата кои прават да се чувствувате сигурни? Време е да си дадете одговор на ова прашање и да поминувате повеќе време во нивно присуство. Некои претставници на овој знак, ќе се посветат на финансиите, како извор на сигурност во нивното живеење.

Рак

Овој викенд ја имаме младата Месечина во вашиот знак, која ви носи можност за нови почетоци. Време е за нов циклус на желби. Замислете желба овој викенд, бидете конкретни и испратете ја до универзумот. Некои Ракови ќе се посветат на градење нови цели, а други пак, дури и на целосна нова верзија на нивната личност. Време е за нови почетоци.

Лав

Одморот никогаш не ви бил потребен повеќе од сега. Овој викенд, важно е да ги наполните батериите и да бидете блиску до нешта и луѓе кои ве прават среќни. Сето она што ви претставува товар нема место во вашиот живот во деновите од викендот. Дајте си ветување дека ќе работите на подобрување на својата благосостојба.

Девица

Вашиот социјален календар се исполнува. Имате убава енергија и силна харизма и луѓето сакаат да бидат во ваше друштво. Но, важно е мудро да избирате. Не морате да одговарате на секоја покана, некои луѓе ви ја трошат енергијата, но не им должите ништо. Отворете простор за нови луѓе во вашиот живот.

Вага

Ова е викенд посветен на вашиот јавен имиџ. Вашите комуникациски способности се одлични, па затоа, немојте да минувате премногу време во својот дом. Излезете  меѓу луѓето. Разговарајте, поврзувајте се, разменувајте контакти. Тоа ќе ви донесе одлична енергија.

Шкорпија

Ова е викенд посветен на комуникација, нови вештини и нови перспективи. Подготвени сте да се отворите кон некоја нова можност која влегува во вашиот живот, овој викенд. Држете ги очите отворени, обрнете внимание и изберете го она што прави вашето срце да потскокнува од среќа. 

Стрелец

Вашите лични односи се менуваат. Тоа не треба да ве чуди, бидејќи во изминатиот период бевте посветени на тоа, свесно или несвесно. Сега доаѓа големата промена. Некои односи би можеле да станат подлабоки, во што сте подготвени да инвестирате повеќе и повеќе. Ова се однесува на вашиот љубовен живот, но и односите со вашите пријатели.

Јарец

Овој викенд носи можност за почеток на нешто посериозно во вашиот живот. Можно е да влезете во сериозна врска, да дефинирате однос кој не бил дефиниран или пак да почнете да ја планирате иднината со некоја личност, особено за оние Јарци кои се во врска. Време е за сериозна љубов!

Водолија

Се менуваат вашите навики. Посветени сте на тоа да го подобрите своето секојдневие, а тоа се случува преку градењето мали навики кои додаваат многу на големата слика. Бидете горди на себеси!

Риби

Исполнети сте со надеж и инспирација, а тоа се пресликува во сè што правите. Најдете радост во малите нешта околу себе и споделете го тоа со луѓето кои ви значат. Ова е викенд за радост, задоволство и креативност.