Викенд хороскоп: 29-31 јули

Што ни носи последниот викенд од јули?

Овен

Во петок, квадратот на Месечината во Лав и Марс (вашата владејачка планета) може да предизвика нервоза. Пробајте да ги контролирате своите емоции, бидејќи само така овој транзит ќе помине за вас без последици. Во сабота и недела, Месечината во Девица ви помага да се фокусирате на себеси. Тригонот на Сонцето со Јупитер во Овен во вашата прва куќа ја подига вашата самодоверба. Искористете ги овие денови за среќа.

Бик

Месечината во Лав во петок ја осветлува вашата четврта куќа на домот и семејството, што ќе ве поттикне да се зближите уште повеќе и да поминете квалитетно време заедно. Квадратот кон Марс и Уран носи мали проблеми и неволји, но пробајте да не размислувате негативно и да имате надеж во себе. Ситуацијата ќе се среди, но не ја влошувајте со вашите лоши мисли.

Близнаци

Во петок, Месечината е во Лав  и ја придвижува комуникацијата во вашата карта, а нејзиниот квадрат со Марс и Уран ве поттикнува да водите сметка за тоа што зборувате пред другите. Конјункцијата на Месечината со вашата владејчка планета Меркур дополнително ја засилува вашата способност за комуникација. Во сабота и недела, Месечината е во вашата четврта куќа на домот и семејството што ќе ги зацврсти вашите односи и чувството на заедништво. Во меѓувреме, опозицијата на Меркур и Сатурн може да ви помогне да ја завршите работата која одамна сте ја планирале.

Рак

Месечината во Лав во петок е во квадрат со Марс и Уран во вашиот сектор на пријателство. Водете сметка за тоа како се носите со пријателствата, бидејќи не ви се потребни тензии. Ако дојде до кавги, тоа би можело да значи крај на едно пријателство. Секстилот на Месечината со Венера во вашиот знак ја истакнува вашата нежна и грижлива страна. Потрудете се добро да го искористите тригонот меѓу Сонцето и Јупитер во секторот на парите и кариерата. Тоа ќе ви помогне да ги остварите своите финансиски планови.

Лав

Месечината во Лав во петок се придружува на стелиумот на планети во вашата прва куќа на вашата личност, па така вашата самодоверба ќе биде на високо ниво. Ако можете да го избегнете влијанието на квадратот на Месечината со Марс и Уран, ве очекува убав и хармоничен викенд. Во сабота и недела, Месечината во Девица го осветлува вашето поле на финансии, додека опозицијата меѓу Меркур и Сатурн во вашиот партнерски сектор може да донесе тежок разговор со саканата личност кој долго сте го одложувале.

Девица

Месечината во Лав во петок ја осветлува вашата потсвест, додека неговиот квадрат со Марс и Уран може да ја разбуди вашата нервоза и фрустрации. Ослободете се од бесот преку прошетка во природа и физичка активност, или пак разговор со пријателите. Месечината во сабота и недела преминува во вашиот знак и ве поврзува со себеси. Но, добро е да најдете време за да се видите со своите пријатели.

Вага

Месечината во Лав во петок е во вашиот сектор на пријателство, додека нејзиниот квадрат со Марс и Уран ве поттикнува внимателно да ги избирате зборовите и делата, за да не им предизвикате штета на другите. Месечината во сабота и недела преминува во Девица осветлувајќи го вашиот сектор на соништа и интуиција. Дополнително, нејзиниот секстил со Венера ви носи одлична професионална можност која не би требало да ја пропуштите.

Шкорпија

Месечината во Лав е во вашата десетта куќа на кариера, а квадратот со Марс и Уран во вашиот сектор на љубовни односи. Ќе биде потребно да бидете внимателни, бидејќи сите работи околу вас се кревки и кршливи. Пробајте да не си дозволувате нагли емоции кои можеби би можеле да и наштетат на вашата врска, но и вашиот љубовен однос. Месечината во Девица во сабота и недела ја фокусира вашата енергија на пријателствата и друштвените односи, а нејзиниот секстил со Венера ве поттикнува да поминете повеќе време со своите најдраги.

Стрелец

Месечината во Лав во петок е во вашиот сектор на авантури, а истовремено во квадрат со Марс и Уран во вашиот сектор на здравје и добросостојба. Ваквата положба на планетите бара од вас дополнителна претпазливост. Пробајте да ги избегнете кавгите и неволјите, бидејќи овој транзит може да ве погоди во некои аспекти. Месечината во Девица во сабота и недела го осветлува вашиот професионален живот и ви носи успех и одлични можности. Во меѓувреме, тригонот меѓу Сонцето и вашата владејачка планета Јупитер ве исполнува со самодоверба која е клучна за успех.

Јарец

Месечината во Лав ја осветлува интимноста во вашата карта, додека пак квадратот на Месечината со Марс и Уран може да предизвика енергија која може да наштети на вашиот однос со саканата личност. Бидете внимателни. Месечината во Девица ја нагласува вашата авантура и потреба за истражување и љубопитност, додека пак опозицијата меѓу вашата владејачка планета Сатурн и Меркур може да разбуди длабоки разговори, но и да ве поттикне да бидете интроспективни и да се изолирате од блиските луѓе.

Водолија

Месечината во Лав во петок ќе биде во квадрат со вашата владејачка планета, Уран. Ќе бидете нервозни и многу работи ќе ви одат на нерви. Пробајте да се оддалечите од другите или пак да поминете време во природа каде ќе можете да ги наполните батериите. Потребно ви е да се одморите, а сега е најдобро време за тоа. Во сабота и недела, Месечината е во Девица во вашата зона на интимноста, а тоа ја буди страста.

Риби

Во петок, Месечината во Лав ве поттикнува да се фокусирате на сопствениот бенефит. Ова е посебно важно за да ги избегнете стресот и прегореноста. Во сабота и недела, Месечината во Девица ја осветлува вашата седма куќа на партнерство што ќе ви помогне да ги поправите односите со саканата личност. Тригонот меѓу Јупитер и Сонцето ги подобрува финансиските можности во текот на викендот, што ќе се одрази добро и на вашето расположение.