Што ни носи хороскопот за последниот викенд од јануари?
Photo by Nat Chen on UnsplashОвен
Потрудете се да преземете контрола врз своите емоции и мисли, овој викенд. Вашата свесност е клучот за тоа. Внимавајте на своите зборови и дела, бидејќи големи се шансите да креирате конфликт. Запаметете, умот е моќна алатка која може да има огромно влијание на вашите мисли и дела. Но, потрудете се да ја заземете позитивната страна.
На слободните Овни им е потребно да ги наполнат батериите овој викенд. Поминете време со луѓе кои ве исполнуваат и се позитивни. Тоа ќе ви дојде добро за да го подобрите своето расположение, а особено среќни ќе бидат оние Овни кои ќе запознаат нови личности. Никогаш не знаете кога ќе дојде до неочекувана романса. Отворете го срцето за сите нови можности.
Бик
За родените во овој знак важно е да бидат искрени и отворени кон своите блиски, но прво кон себеси. Чувањето на своите мисли и чувства во себе само ќе ве остави во темнина и ќе донесе нејаснотии и лоша комуникација. Не носете претпоставки, но и не дозволувајте другите да носат претпоставки за тоа како се чувствувате и што мислите.
Слободните Бикови треба да најдат време да размислат што точно сакаат од другите во љубовта. Романсата и љубовта полека доаѓаат до вас. Држете ги отворени своите очи, а во меѓувреме посветете се на своите интереси и хобија, бидејќи тоа ќе ве исполни со радост.
Близнаци
За Близнаците може да биде тешко да го контролираат секој аспект од својот живот овој викенд, бидејќи доаѓаат неочекувани ситуации кои ќе ве изместат од колосек. Наместо да се држите до контролата, дозволете си да бидете флексибилни и отворени за промени. Ако сте во врска, ќе имате голема поддршка од саканата личност која ќе преземе дел од вашите одговорности.
Слободните претставници ги очекуваат интересни ситуации на полето на љубовта. Но, ако размислувате за врска, прво преиспитајте ги своите чувства и не се втурнувајте во нешто што не го разбирате сосема.
Рак
За Раковите кои се во врска, овој викенд е идеално време да ја подобрат довербата со својот партнер и да бидат искрени за своите чувства. Важно е да комуницирате отворено и да ги споделите предизвиците и проблемите со кои можеби се соочувате. Тоа ќе ви помогне да се релаксирате и чувствувате подобро.
Слободните Ракови треба да се потпрат на комуникацијата овој викенд. Ако сте јасни за тоа што го сакате и ви е потребно, можете лесно да се разберете со личноста која ви се допаѓа. Пробајте да преземете иницијатива колку и да не е својствено тоа за вас. Планетите се на ваша страна.
Лав
Лавовите треба да се свесни за динамиката во нивните односи овој викенд бидејќи постои потенцијал за кавги или тензија во комуникацијата. Имате интензивни чувства, но не дозволувајте тоа да ескалира во нешто што нема да можете лесно да го поправите. Слушнете ја и другата страна да ви каже што има.
За слободните Лавови доаѓаат нови можности за романса, но љубомората може да го замагли вашето размислување. Ако сте пред нови почетоци, прифатете ги со отворени раце и не се плашете од она што е пред вас. Време е и да се поврзете со своите пријатели, овој викенд.
Девица
За Девиците, овој викенд може да донесе тензија. Потрудете се да ги решите конфликтите кои постојат, но не и да навлегувате во нови. Важно е да го најдете компромисот за да се чувствувате подобро и да го исполните викендот со добри активности. Имајте на ум дека силните пријателства и љубовни односи се базирани на доверба и разбирање.
Слободните Девици се фокусирани на личен развој и раст. Навратете се на врските од минатото и грешките кои се направени. Искористете ја можноста да бидете подобра верзија од себеси и да ја привлечете совршената личност за себе овој викенд. Останатото ќе дојде на свое место.
Вага
За родените во овој знак, ова е викенд во кој ќе треба да се фокусирате на комуникација и разбирање. Најдете време да ги слушнете другите, но и да ги изразите своите мисли и чувства. Можеби е добро да испланирате заедничка активност со своите пријатели.
Слободните Ваги би можеле да се чувствуваат осамено овој викенд, но не дозволете тоа да ве обесхрабри. Имајте отворен ум и срце, запознавајте нови луѓе и бидете свои. Љубовта е блиску!
Шкорпија
За Шкорпиите ова е одличен викенд да ја продлабочат својата врска, па затоа би требало да организираат мало изненадување за саканата личност. Покажете им колку се грижите за нив и колку ги цените. Комуникацијата е клучна, а вие ќе бидете одлични комуникатори во текот на следните неколку денови.
Слободните претставници на овој знак се насочени кон личен развој. Навратете се на некои односи од минатото и утврдете ги навиките и начините на однесување кои треба да ги смените. Тоа ќе ви помогне да креирате и граници за себе. Верувајте дека вистинската личност ќе дојде во вашиот живот во вистинско време.
Стрелец
Стрелците треба да заборават на минатото и да погледнат напред кон иднината. Поработете на своите комуникациски вештини и најдете начини да ги подобрите. Тоа ќе ви помогне да ги запознаете другите. Фокусирајте се на квалитетот, овој викенд.
Слободните Стрелци би требало да се навратат на своите љубовни цели кои сакате да ги исполните. Бидете отворени кон излегување, покани и среќавање нови луѓе.
Јарец
За Јарците овој викенд би можел да донесе тензии во љубовта, но и пријателствата. Важно е само да споделите како се чувствувате, но и да внимавате да не ги повредите другите. Не дозволувајте малите недоразбирања да се пренесат во големи проблеми. Дозволете си да ја разберете туѓата перспектива, откако ќе ја споделите својата.
Слободните Јарци ќе се чувствуваат осамено и неисполнето, но ова можеби е шанса да размислите какви луѓе имате околу себе. Заборавете на оние односи и луѓе кои ви носат лошо чувство и негативност. Викендот е одличен момент да го направите чекорот напред кон креирање нов социјален круг. Дајте им шанса на позитивните луѓе.
Водолија
За Водолиите овој викенд ќе започне со ниско ниво на енергија. Слушнете го своето тело и одморете се. Но, ако сте во врска и саканата личност е поактивна, потрудете се да најдете баланс. Дајте си можност да ги наполните батериите, драги Водолии.
Слободните претставници потребно е да си ја вратат својата енергија. Добро е да направите мала пауза од љубовта, па затоа не мислете дека нешто пропуштате. Само одморете се добро. Штом го направите тоа, потоа ќе можете да се вратите и да шармирате некоја посебна личност.
Риби
Рибите кои се во врска би можеле да се втурнат во непотребен конфликт овој викенд, бидејќи ќе делуваат со вжештени глави. Најдете простор да ја слушнете саканата личност и да ги чуете нејзините потреби. Овој викенд е посветен на компромисот.
Слободните Риби би можеле да наидат на неочекувани изненадувања на полето на љубовта и романсата. Имајте отворен ум и дајте им шанса на новите луѓе, без оглед на тоа што се можеби различни од вас.