Викенд хороскоп: 26-28 мај

Што ни носи викендот кој е пред нас?

Photo by Allef Vinicius on Unsplash

Овен

Родените во овој знак треба да се подготват за голема лекција на полето на љубовта, без оглед на нивниот љубовен статус. Врските ќе имаат сериозен тон, а тоа ќе ви донесе и увид што е она што ви е вам важно и која е личноста со која сакате да бидете. Не дозволувајте да ве обземат грижите, туку фокусирајте се на убавите нешта во вашиот живот.

Денеска, Венера се поврзува со Уран што може да ве натера да направите нешто ново и неочекувано. Веројатно ќе сакате да бидете блиску до луѓето кои ве инспирираат. За време на викендот, ќе треба да донесете и некоја важна одлука поврзана со проект или работна активност.

Бик

За Биковите, важно е овој викенд да најдат баланс меѓу професионалниот и личниот живот. Вие сте големи професионалци, но тоа не значи дека треба да работите 24/7. Важно е да се посветите и на вашето семејство и сакани и со нив да поминете квалитетно време. Слободните Бикови кои се во потрага по романса би требало да си дозволат да се поврзат со нови луѓе, но и да се подготват за ново поглавје во нивниот живот. Ако се чувствувате збунето, побарајте совет и поддршка од пријателите.

Близнаци

За Близнаците, викендот носи фокус на ефективната комуникција. Обрнете внимание на тоа кои зборови ги избирате во комуникацијата со вашите сакани. Ова е одличен период да се посветите на планирање. Ако се појават некакви проблеми или тензии, направете чекор назад и смирете се. 

За некои слободни претставници на овој знак може да дојде со случајна љубовна средба и поврзување со личност која е многу различна од вас. 

Рак

Изминатата недела ве измачи, па сега едвај чекате да се одморите овој викенд. Ќе имате шанса за тоа. Сосема е во ред, ако сакате да го поминете времето дома или пак сами. Не заборавајте на грижата за себеси.

Некој кој мислите дека одлично го познавате би можел да ве изненади овој викенд. Исто така, влијанието на Уран би можело да направи да се заинтересирате за нешто што воопшто не ви било важно претходно. Ве очекуваат убави мигови и на полето на љубовта. 

Лав

Овој викенд ве очекуваат многу можности. Особен успех ќе имате на полето на работата, иако е викенд. Многу претставници на овој знак ги очекува високо искачување на скалилото на успехот. Соберете внатрешна сила и верувајте во себе. 

Дел од Лавовите имаат нешто што сакаат да го споделат со друга личност, но го чекаат вистинскиот момент. Не чекајте многу, ова е вистинското време за тоа. Никогаш не можете да знаете на каква поддршка ќе наидете од другата страна.

Девица

За Девиците можен е наплив на негативни емоции, овој викенд. Не дозволувајте тоа да ве однесе кон непријатни разговори и конфликти со оние кои ги сакате. Наместо тоа, обидете се да поминете време сами и да утврдите како и зошто се чувствувате така. Ако во вас постојат внатрешни конфликти, само на вас останува да ги решите.

Слободните Девици не ги интересира љубовта овој викенд и наместо тоа се насочени кон себеси и својата независност.

Вага

За Вагите ова е период на возбуда. Препуштете се на авантура со оние кои ги сакате. Колку повеќе радост и среќа споделувате со другите, толку повеќе ќе добивате назад. Овој викенд може да ја продлабочи вашата љубовна врска и да ви открие нови делови од карактерот на вашата сакана личност.

Слободните Ваги би можеле да се најдат во неочекувани ситуации да ја пронајдат љубовта. Препуштете се на интуицијата и верувајте во најдоброто.

Шкорпија

За родените во овој знак, целиот викенд е во знакот на љубовта и романсата. Ако сте во врска, целосно ќе бидете насочени кон саканата личност и ќе им го подарите своето внимание. Слободните Шкорпии имаат повеќе личности покрај себе, но тешко им е да се отворат. Веројатно ја чекате вистинската личност за тоа. Но, не се плашете да бидете ранливи.

Стрелец

Огнениот Марс се здружува со среќниот Јупитер, а тоа носи позитивни моменти за вас. Ќе биде засилена вашата самодоверба, а ова е и одлично време да го засилите своето присуство на социјалните мрежи. Ако се занимавате со бизнис, покажете ги своите производи пред јавноста.

Јарец

За некои Јарци, викендот носи проблем со нивниот имиџ и репутација, односно интензивни чувства поврзани со вашиот идентитет. Не им дозволувајте на другите да ви покажат кои сте, тоа можете само вие да си го одговорите. 

За оние кои се во врска, љубовта се продлабочува и се зацврстува основа на која лежи вашата љубов. Ова е одличен период да отидете чекор понапред во љубовта. За слободните Јарци, универзумот носи хармонична енергија, а можна е и средба овој викенд која ќе ви донесе долгорочна врска.

Водолија

За Водолиите, овој викенд би можел да донесе изненадувачки настан кој не сте го очекувале. Тоа може да донесе до конфликт, но затоа важна е отворената и искрена комуникација со вашите блиски. Слободните Водолии посакуваат да се навратат на љубовта, но не се сигурни што точно сакаат. Препуштете се на социјалните активности, тоа би можело да ви го донесе одговорот.

Риби

Рибите имаат потреба да поминат време во својот дом и да си ја повратат енергијата која ја изгубија во текот на изминатите недели. Но, внимавајте на своите зборови бидејќи постои можност да дојде до конфликт со вашата сакана личност. 

Слободните Риби се спонтани, а со тоа и прилично забавни за другите. Флертувајте и забавувајте се. Тоа би можело да ви ја донесе вашата сродна личност, овој викенд.