Викенд хороскоп: 24-26 јуни

Што ги очекува хороскопските знаци за време на викендот?

Овен

Месечината во Бик ве инспирира да се посветите на своите финансии и принципите во кои верувате, но истовремено ве охрабрува да ги проширите и истражите новите правци и можности во вашиот живот. Месечината во Близнаци се усогласува со вашата огнена енергија, а секстилот со Јупите ви носи многу романтични и љубовни можности во сабота и недела. 

Бик

Во петок и сабота, Месечината е во вашиот знак и во вашата прва куќа на самодоверба. Светот ви е на дланка, а добри работи ве очекуваат и во недела, кога Месечината во Близнаци се спојува со вашата владејачка планета  Венера. Искористете го добро овој период.

Близнаци

Месечината во Бик ги активира вашите соништа и визии. Прашајте се што ве прави среќни и што ви е потребно за тоа, нурнете во својата потсвест, но обрнете внимание и на тоа што го сонувате. Овој викенд ви носи шанса за големи промени. Кога Месечината ќе премине во вашиот знак во сабота навечер, ќе бидете инспирирани да истражувате и да се дружите со другите.

Рак

Вашата љубезност и великодушност се интензивирани кога Месечината ќе биде во Бик во петок и сабота. Таа минува низ вашата единаесетта куќа на великодушноста, а кога ќе се спои со Уран ви носи свежина во идеите и потреба да направите нешто ново. Ќе имате желба да ги слушате другите и да помагате. 

Лав

Месечината е во Бик на почетокот на викендот и иако ви носи потреба да одморите, сепак вие ќе посакате да бидете меѓу другите. Овој бран на добри вибрации можете да го искористите и за воспоставување соработка со другите додека Месечината минува низ вашата куќа на кариера. Конјункцијата со Венера и секстилот со Јупитер ја прават неделата забавен ден за вас, кој долго ќе го паметите.

Девица

Месечината во Бик е во хармонија со вашата енергија бидејќи ја поттикнува желбата за авантура  и истражување. Кога Месечината ќе премине во Близнаци во конјункција со Венера и секстилот со Јупитер, тоа ќе има одлично влијание на развојот на вашата кариера. Држете ги очите отворени за да не ги пропуштите шансите кои се појавуваат за вас, а ќе ги има многу.

Вага

Месечината во Бик во петок и сабота ве поттикнува да се фокусирате на интимноста и врската со саканата личност. Ќе остварите блискост и ќе се чувствувате добро. Исто така, кај многу Ваги ќе се јави и желба за возбудлива авантура, да доживеат нешто ново, поинакво. Одете на кратко патување, ако имате можност за тоа.

Шкорпија

Љубовните односи се во центарот на вашето внимание додека Месечината е во Бик во вашата седма куќа на партнерства. Страстите се будат и имате силна потреба за интимност. Месечината во Близнаци во конјункција со Венера и секстилот со Јупитер ја зацврстува вашата врска со саканата личност.

Стрелец

Месечината во Бик ја поттикнува вашата желба за кариера. Конјункцијата со Уран ве поттикнува да истражувате нови можности, а тригонот на Месечината со Плутон ви носи сила и енергија. Конјункцијата на Месечината со Венера и секстилот со вашата владејачка планета Јупитер може да донесе мали конфликти со саканите, но направете напор подобро да се разберете.

Јарец

Месечината во Бик и неговата конјункција со Уран ја подобрува вашата креативност, а во исто време квадратот со вашата владејачка планета Сатурн раѓа сомнеж во вас. За среќа, тоа е само привремено бидејќи во недела ви се враќа самодовербата, а стигнува и можност за нова работа.

Водолија

Месечината во Бик ја поврзува вашата владејачка планета Уран во вашата куќа на домот, што е одличен момент за промени. Ако сте размислувале за понуда за брак или почеток на заеднички живот, ова е вистинскиот момент за тоа. Месечината во Близнаци во конјункција со Венера и секстилот со Јупитер ја нагласува вашата креативност и страст. Ако сте сами, ослободете се од стравот и пријдете и на личноста која ви се допаѓа.

Риби

Месечината во Бик ја осветлува вашата куќа на заедништво и ве поттикнува да им помогнете на другите. Ова е одличен викенд да се поврзете со саканите, но и со нови луѓе со кои делите слични вредности.