Викенд хороскоп: 23-25 септември

Што ни носи овој викенд?

Овен

Месечината во Девица ви носи посветеност на навиките кои се поврзани со здравјето, вашите навики и добросостојба, во петок и сабота. Потоа, младата Месечина во Вага е одличен период за имплементирање на промените кои имаат потенцијал да ви го променат животот. Таа го поврзува Сонцето со вашата седма куќа на партнерства и ве поттикнува да се потрудите околу личноста за која сонувате, без оглед на вашиот љубовен статус. Имате поддршка од ѕвездите, искористете го тоа.

Бик

Во петок, Месечината е во Девица и ви носи неверојатна способност за критичко размислување и креативност. Ова е идеално време да претставите некој нов проект пред надредените или пак да ја унапредите својата работа. Во недела, младата Месечина во Вага се спојува со Сонцето во вашата шеста куќа носејќи ви енергија која ќе ви помогне да внесете промени во својот живот, но според ваш ритам. Тоа ви е неопходно за да напредувате.

Близнаци

Вашата владејачка планета Меркур е ретроградна и во конјункција со Месечина во Девица во вашата четврта куќа на домот и семејството во петок и сабота. Насочете се кон семејството и вашите сакани за да ги поправите односите и да ја вратите блискоста. Во недела, младата Месечина се спојува со Сонцето во Вага и ве поттикнува да се насочите кон креативноста и романсата. Љубовта е нагласена, а имате огромна поддршка од ѕвездите на ова поле.

Рак

Со Месечината во Девица која ги спојува Меркур и Венера во вашата трета куќа на заедништво, врски и комуникација, го имате она што ви е потребно за да ја проширите својата мрежа на контакти и да воспоставите добра соработка со другите. Во недела, младата Месечина во Вага ги здружува силите со Сонцето во вашата куќа на домот. Ѕвездите ви се наклонети и во однос на финансиите, така што очекувајте подобрување на ова поле.

Лав

Месечината во Девица е во конјункција со Меркур и Венера во вашата втора куќа, насочувајќи го вашето внимание на финансиите и поттикнувајќи ве да обрнете внимание на деталите. Преземете ги сите чекори за да се заштитите од малверзации и лоши потези. Во недела, младата Месечина во Вага ве поттикнува да поработите на вашите односи со пријателите и саканата личност и да го преиспитате начинот на кој комуницирате. Ви се насмевнуваат и нови професионални можности.

Девица

Денешниот ден е посветен на вас со оглед на тоа дека Месечината е во Девица и во конјункција со Меркур и Венера во вашата прва куќа. Тоа ви помага да испитате кои сте, како се доживувате себеси, но и каков е вашиот однос со другите луѓе. Месечината е млада во недела и преминува во Вага, а вашиот фокус тогаш се насочува кон финансиите. Имате одлична можност да започнете нови проекти и активности за да ја подобрите својата финансиска ситуација.

Вага

Месечината во текот на денешниот ден е во конјункција со Венера и Меркур и ви носи голем фокус на интуицијата и вашите соништа. Ако сонувате нешто чудно или важно, запишете го тоа. Освен тоа, обрнете внимание и на оние чувства кои се скриени и не г покажувате пред другите. Ќе бидете исполнети со мудрост и јасна цел. Во недела, младата Месечина е во вашиот знак заедно со Сонцето во вашата прва куќа, што ви ја подобрува самодовербата, но можно е да размислите за грешките кои сте ги направиле досега и од тоа да извлечете важни лекции.

Шкорпија

Овој викенд, конјункцијата на Месечината во Девица со Меркур и Венера во вашата единаесетта куќа ве потикнува да се поврзете со своите пријатели и сродни души. Можна е судбинска средба со друга личност. Во недела, младата Месечина во Вага го спојува Сонцето во вашата куќа на духовност и интуиција. Време е да се насочите кон себеси.

Стрелец

Овој викенд, Месечината во Девица е во конјункција со Меркур, а Венера го насочува вашето внимание на вашиот професионален живот. Поттикнати сте да преземете чекори кои ќе ве придвижат напред во кариерата која ја имате избрано за себе. Во недела, младата Месечина во Вага ја истакнува вашата хуманитарна и друштвена страна. Ова се одлични денови за пријателите и на оние на кои им е потребна вашата помош. Збогатете го својот живот со убави моменти.

Јарец

Месечината во Девица се спојува со Венера и Меркур во вашата деветта куќа овој петок и сабота и ве поттикнува да заборавите на работата и наместо тоа да се посветите на пријателите, забавата и авантурите. Во недела, младата Месечина во Вага е во вашата деветта куќа и го насочува вашето внимание кон професионалниот живот и планови. Ова е транзит кој може да ви помогне да напредувате во кариерата, не ја пропуштајте оваа можност.

Водолија

Во петок и сабота, Месечината е во Девица и во центарот на внимание доаѓаат вашите интимни моменти. Најдете време за саканата личност или љубовен состанок ако не сте во врска. Овој викенд, обрнете внимание на договорите, проектите и активностите кои ги делите со другите. Во недела, младата Месечина се спојува со Сонцето и ви носи поттик да  ги проширите своите хоризонти, полиња на делување и да бидете спонтани.

Риби

Месечината во Девица овој викенд е во конјункција со Меркур и Венера, а во опозиција со вашата планета, Нептун. Тоа може да влијае на вашиот однос со саканата личност. Потрудете се да се посветите на оние мали нешта кои имаат потенцијал да ја подобрат вашата врска. Во недела, младата Месечина ве поттикнува да ја ја продлабочите блискоста со саканата личност, но и да добиете идеи за нови професионални проекти.