Што ни носи викендот?
Photo by Richie Nolan on Unsplash
Овен
Денешната млада Месечина е во вашиот сектор на животниот стил, а тоа може да ви донесе вести кои се поврзани со одреден нов почеток. Можеби станува збор за можност поврзана со хонорарна работа или пак отворање на нов бизнис, но секако финансиите се подобруваат на овој начин. Во следните денови, со Сонцето во Девица и тригонот со Уран можно е да направите чекор понапред на поле каде тоа го очекувате веќе некое време. За некои Овни промените доаѓаат на полето на работата, за други на полето на љубовта. Ова ви отвора простор за можности за кои не сте ни знаеле дека постојат.
Бик
Родените во овој знак би можеле да се заљубат во некоја личност околу нив, овие денови. Како да станувате свесни за нешто што претходно не сте успевале да го видите. Романсата е на прво место за вас, драги Бикови! Време е да заборавите на работата. Освен тоа, имате креативна енергија која сакате да ја искористите на убав начин. Ќе ви биде лесно да соработувате со другите луѓе и да создадете нешто што ќе ви значи.
Близнаци
Вашиот владетел Меркур тргнува директно во текот на денешниот ден после три недели, што ќе ви донесе многу можности да ја обновите и подобрите комуникацијата. Но, не брзајте никаде, ако некој не е подготвен да работи на решавање на одреден конфликт, не морате ништо да форсирате. Во сабота и недела, ќе имате потреба да се изразите и да бидете слушнати. Можеби е време да им се јавите на оние пријатели кои не сте ги виделе некое време. За оние кои се во врска, овој викенд носи други приоритети, а слободните Близнаци се подготвени да запознаат нови луѓе и да го прошират својот круг на познаници. Ако една личност посебно се истакне меѓу нив, пробајте ја својата шанса.
Рак
Раковите се спојуваат со личност која е целосна спротивност од нив. Но, останете свои. Не се менувајте само поради тоа што тие се различни од вас. Ова би можело да ви донесе и нови идеи и планови. Викендот ви носи задоволство и од мали активности во кои ќе уживате. Но, на полето на љубовта, можна е зголемена чувствителност. Некои планови би можеле да се сменат, но тоа не значи дека треба да паничите. За слободните Ракови, викендот носи многу нови можности. Не си дозволувајте да ги пропуштите.
Лав
Овој викенд веројатно повеќе ќе сонувате, отколку што ќе работите, но тоа е бо ред. Поставеноста на Месечината со Уран би можела да ве поттикне да размислувате за нови начини како да направите нешто. Сабота и недела ви носат одлична можност да најдете решение за некои од предизвиците со кои се соочувате. Ако финансиите ви беа проблем во изминатиот период, директното движење на Меркур сега ќе ги подобри работите. На полето на љубовта ве очекува бран од страст и романса. Слободните Лавови ќе се најдат во мистериозна ситуација. Некој на кој одамна му се допаѓате конечно ќе собере храброст да ви се приближи.
Девица
Ако сте типична Девица на која работата секогаш и е на прво место, ова е одличен период за вас. Месечината се здружува со Уран и ви носи можност да направите напредок во однос на некои идеи кои ги имате. Освен тоа, Меркур по три недели го завршува своето ретроградно патување во вашиот знак, што ќе ви донесе убаво чувство дека работите полека се враќаат на свое место.
Оние кои се во врска ќе се соочат со измешани емоции. Имајте на ум дека ако сте во среќна врска, треба да се насочите кон она што е добро и да го унапредите односот со саканата личност, а ако не сте толку задоволни, да поработите на емоциите кои го предизвикуваат тоа. За слободните Девици, клучен е балансот. Деновите од викендот ви носат забава, но избирајте ги умно луѓето околу себе.
Вага
Моменталниот аспект на Венера и Јупитер ви носи однесување како да знаете сè. Имајте на ум дека тоа може да ги иритира другите околу вас, па затоа пазете се од конфликти. Некои работи се најдобри ако ги задржите за себе.
За Вагите кои се во врска, овој викенд носи голема трансформација. Време е да ги соберете плодовите од вашиот труд и да уживате во љубовта. Не се навраќајте на некои ситуации од минатото, туку само гледајте напред. За слободните Ваги, ова е викенд во кој ќе бидете харизматични, но и љубезни кон другите луѓе. Вашиот фокус е на конекцијата.
Шкорпија
Шкорпиите се среќаваат со нови луѓе и добиваат инспирација од сите страни. Препуштете се на уживањето. Ретки се миговите кога можете да толерирате толку многу луѓе околу себе. Веројатно со некои луѓе ќе се поврзете на начин кој ќе ве направи пријатели за цел живот, а за некои Шкорпии ова може да донесе и поврзување со сродната душа. Луѓето ве обожаваат на многу различни начини, уживајте во вниманието.
Стрелец
Насочени сте кон остварување на своите цели и ништо друго не ве интересира. Во текот на следните денови ќе бидете горди на себеси за нешто што сте го постигнале, па затоа прославете го својот успех. Меркур тргнува директно во вашиот сектор на кариерата, што може да ви донесе олеснување по напорни три недели.
Опуштени сте на полето на љубовта. Но, важно е да поминете квалитетно време со саканата личност ако сте во врска. Слободните Стрелци се во потрага по љубов. Најдете време да запознаете нови луѓе. Ќе се изненадите.
Јарец
Јарците се во фаза кога со своите идеи им помагаат на другите. Но, поставеноста на Месечината со Уран ви носи убави вести за нови почетоци. Тоа е она што ви е потребно во овој момент. Патувањето станува полесно сега кога Меркур почнува да се движи директно во вашиот сектор на далечни хоризонти.
Полето на љубовта ви носи динамична енергија. Оние кои се во врска носат одлуки од кои нема враќање назад. Ова е викенд во кој ќе се посветите на иднината на врската. Слободните претставници се отворени за нови луѓе, а ѕвездите најавуваат дека би можеле да запознаете совршена личност.
Водолија
Се наоѓате во фаза на збунетост, но тоа не е ништо лошо, туку едноставно ви е потребно да се навратите назад, на лекциите кои ги научивте изминатиот период. Меркур почнува да се движи директно, помагајќи ви да одредите приоритети и да се ослободите од сето она тшо не ви е потребно.
На полето на љубовта, зафатените Водолии имаат потреба од повеќе простор. Се чувствувате како ништо да не зависи од вас. Слободните претставници имаат позитивна енергија која привлекува интересни личности околу нив. Само останете отворени, вистинските луѓе така ќе дојдат во вашиот живот.
Риби
Овој викенд би можел да ви донесе поврзување со личност која ќе испадне голем пријател кон вас. Можеби ќе се посветите на заеднички проект заедно или пак ќе се развие романса од сето тоа. Засега одете со мали чекори. Во сабота и недела, некој си игра со вашите нерви во однос на заедничките планови, но не „паѓајте“ на нивната тврдоглавост. Научете како да поставите граници и да кажете НЕ.
Зафатените Риби би можеле да се соочат со мала тензија. Тоа ќе ве донесе до еден важен процес на интроспекција, но немојте да бидете претерано самокритични. Слободните Риби се посветени на идеи за патувања. Соочете се со своите стравови кои ги имате на ова поле и препуштете се на љубовта.