Викенд хороскоп: 13-15 септември

Што ни носат деновите од викендот?

Photo by Lilia Negura on Unsplash

Овен

Викенд хороскопот за периодот од 13 до 15 септември 2024 година предвидува дека ќе бидете толку оптоварени и исцрпени што едвај ќе го дочекате петок. Но, тогаш започнуваат забавата и убавите времиња. Без разлика дали одите во кино или на патување со семејството, партнерот или пријателите, ќе ги зацврстите врските и ќе си поминете фантастично. Совет е да се одморите и опуштите.

Бик

Неделата ја завршувате со унапредување на работа. Споделете ја вашата среќа со саканите. Во сабота воопшто нема да бидете свои, потребен ви е повеќе одмор, инаку наскоро ќе кикснете на сите полиња и ќе почнете да грешите. Бидете одговорни за вашето здравје, советува викенд хороскопот.

Близнаци

Професионално нема да бидете стабилни како и обично. Можеби ќе имате некаков проблем на работа. Загрижени сте за нешто што не можете да го контролирате. Но, не можете да престанете да се грижите за малите нешта. Викендов добро е да ги слушате советите и да ги оставите грижите за понеделник. Одете во теретана, советува викенд хороскопот. И одморете се добро.

Рак

Викенд хороскопот за периодот од 13 до 15 септември 2024 година предвидува дека во петок ќе добиете бонус, неочекувани пари или некој друг поттик. Можеби ќе добиете подарок од вашето семејство. Избегнувајте да бидете емотивно врзани и покажете им доверба само на оние што навистина ги заслужувате. 

Лав

Во петок ќе се чувствувате осамено бидејќи никој нема да биде таму да ги слушне вашите мисли. Не се чувствувајте лошо поради тоа, туку искористете го како можност да поминете малку време со себе. Ќе имате многу непријатна ситуација со некој познаник или колега. Соберете се, облечете нешто убаво и воспоставете длабока хемија со партнерот.

Девица

Животот е предизвик за вас во последно време, а петок 13 ќе го зголеми чувството на притисок. Постар пријател ќе ве праша за совет за деликатна работа. Обидете се да го поддржите. Имате важен повик и можно е да одите на убава забава. Внимавајте што јадете и движете се.

Вага

Петок 13-ти е денот кога ќе заблескате и ќе бидете во искушение. Конечно ќе излезете од лоша фаза на работа и ќе престанете да вложувате многу време во неважни работи. Подобро е да се посветите на вашите интереси. Партнерот ќе ве изненади денес. Внимавајте на вашето здравје, особено што јадете, советува викенд хороскопот од 13 до 15 септември 2024 година.

Шкорпија

Викенд хороскопот предвидува дека ќе бидете вознемирени поради расправија со член на семејството. Ќе поканите посебна личност во вашиот дом и ќе си поминете одлично. Ќе ве мачат некои здравствени проблеми, па затоа се советува да се консултирате со лекар. Избегнувајте напор и одржувајте дистанца во стресни ситуации.

Стрелец

Во петок ќе научите нешто ново на работа и задоволни ќе одите на пауза. Обидете се да го исфрлите факторот его од вашиот љубовен живот и се ќе помине сосема глатко. По напорната недела конечно ќе можете да се опуштите. Ова не значи дека треба постојано да останете во кревет и да гледате телевизија... Поврзете се со работите околу вас, ќе се чувствувате подобро, советува викенд хороскопот.

Јарец

Викендот го започнувате на емоционално интензивен петок на 13-ти, со Месечината во вашиот знак, што значи справување со длабоките чувства кои излегуваат на површина. Подлабоко ќе се поврзете со вашите внатрешни потреби. Не брзајте со ништо, оставете ги другите да се изразат. Нека кажат што им е на срце.

Водолија

Според викенд хороскопот од 13 до 15 септември 2024 година,  имате големи очекувања од партнерот, но кога треба да придонесете за подобрување на врската, наеднаш ве преплавуваат обврски и барате изговори. Затоа ситуацијата меѓу вас не е баш добра, а ниту овој викенд нема да има позитивни случувања во љубовта. Грижете се за вашето здравје.

Риби

Стигнавте до петок и сега дишете со олеснување. Престанете да одложувате и искористете го слободното време за да ја подигнете вашата врска на следното ниво. Можеби ќе се чувствувате преоптоварени, но во исто време и моќни да ја препознаете вашата внатрешна мудрост. Вие и вашиот партнер го трошите времето, и двајцата треба итно да промените нешто.