Викенд хороскоп: 12-14 август

Што ви носи овој викенд?

Овен

Вашата владејачка планета Марс е во квадрат со Месечината во петок. Пробајте да ги контролирате своите емоции и тоа како трошите за да не се покаете. Секстилот на Месечината и Марс во недела ве инспирира и ве исполнува со енергија и сила кои треба да ги искористите со мудрост и внимание.

Бик

Конјункцијата меѓу Месечината и Сатурн во Водолија во вашиот сектор на кариера ви помага да направите професионален напредок. Месечината во Риби е во вашето единаесетто поле поголем дел од викендот, поттикнувајќи ве да поминете време со сродната душа. Искористете малку време за да им помогнете на другите, доколку можете. Освен тоа, во недела, Месечината во Овен во тригон со вашата владејачка планета Венера ве исполнува со убавина и грациозност.

Близнаци

Конјункцијата на Месечината во Водолија и Сатурн ве става на тест овој петок и ве инспирира да се фокусирате на работата. Опозицијата меѓу Месечината во Риби и Меркур во Девица ја олеснува комуникацијата меѓу членовите на семејството. Ако повеќе слушате, а помалку зборувате, ќе успеете да се поврзете со нив. Во недела е време за љубов и страст, па затоа одвојте време за својата сакана личност.

Рак

Ако во петок сте премногу емотивни, конјункцијата меѓу Месечината и Сатурн е виновна за тоа. Но, за среќа, работите се подобруваат кога Месечината во петок попладне ќе премине во Риби. Конјункцијата на Месечината и Нептун ќе ве инспирира да пробате нови нешта, проширувајќи ги вашите хоризонти на убав начин. Одвојте малку време и за романса.

Лав

Конјункцијата на Месечината во Водолија и Сатурн во петок може да ви донесе емоционална блокада  меѓу вас и саканата личност. Пробајте да се опуштите и да најдете нешто што ви помага. Држете го своето срце отворено и имајте на ум дека секој проблем има решение. Подоцна во текот на викендот, Месечината во Овен ќе ви помогне да се опуштите.

Девица

Можеби ќе бидете во искушение да се занемарите себеси и своите потреби во петок додека Месечината во конјункција со Сатурн е во вашата шеста куќа. Направете подобар избор на полето на љубовта, не се задоволувајте со просекот. Месечината е во Риби во вашата седма куќа на партнерства и ве спојува со романтичниот Нептун, со тоа што ви носи и сјај во врската. Пуштете ја фантазијата. 

Вага

Конјункцијата на Месечината и Сатурн во петок ви носи неверојатна инспирација. Искористете ја оваа енергија за да се поврзете со другите и да отворите некои прашања. Месечината е во Риби и во секстил со Уран во сабота, враќајќи ја вашата интуиција и креативност. Вашата владејачка планета Венера е во тригон со Месечината во Овен во вашиот партнерски сектор. Времето поминато со оние кои ви значат ќе биде корисно за вас.

Шкорпија

Можно е да се јават мали конфликти во петок кога постои конјункција меѓу Месечината и Сатурн во вашата четврта куќа. Бидете трпеливи, тоа ќе помине. Освен тоа, Месечината во Риби ја осветлува романтиката и креативноста во вашата натална карта, па затоа уживајте. Вашата владејачка планета Плутон во недела е во тригон со Марс и ве исполнува со сила која ви дава мудрост и зрелост за да го постигнете она што го сакате.

Стрелец

Домот и семејството се во фокусот на Месечината во знакот Риби овој викенд, правејќи го вашиот дом одлично место за одмор и опуштање. Во недела, се пали оганот на страста во вашиот живот, а тригонот меѓу Месечината и Венера во Лав ви помага да го завршите викендот на инспиративен начин.

Јарец

Вашата владејачка планета Сатурн во петок е во конјункција со Месечината во Водолија, засилувајќи ја вашата резервираност и внимателност. Подоцна, Месечината во Риби во вашата трета куќа на комуникација ве поврзува со работите во кои уживате. Тригонот меѓу Месечината во Овен и Венера во вашиот интимен сектор ви носи сладок крај на викендот. 

Водолија

Конјункцијата на Месечината во Водолија и Сатурн во петок ја засилува вашата интуиција. Ќе успевате лесно да се поврзете со другите, но и да бидете привлечни и неодоливи. Крајот на викендот ви носи и зголемување на приходите. Парите како да растат на дрво за вас.

Риби

Конјункцијата на Месечината и Сатурн во петок во вашата прва куќа може да предизвика самосожалување и ниско ниво на самопочит. Но, сето тоа ќе исчезне кога фокусот ќе се префрли на вашите финансии. Не трошете премногу, особено на проектите поврзани со домот.