Викенд десерт: Мафини со суво грозје

Овие вкусни мафини може да ги подготви секој!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 175 гр шеќер
  • 225 гр брашно
  • 25 гр пченкарно брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • рендана кора од 1 лимон
  • 5 лажици млеко
  • 130 гр суво грозје
  • 85 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени. Грозјето измијте го.
  2. Разматете јајца и шеќер, додајте маргарин, па кога масата ќе се изедначи додавајте ги и останатите состојки, постепено, по ред. На крај измешајте и грозје.
  3. Ставете хартиени корпички во калапи за мафини и ставете од смесата до половина од калапите. Печете 25 минути.

Уживајте!