Виена, Будимпешта, Загреб...Што нудат европските градови за празничниот период?

Виена, Будимпешта, Колмар, Стразбург, Милано, Париз, но и Загреб...во овие европски градови веќе се чувствува празничната атмосфера.

Овие неколку градови веќе се поготвени за новогодишната магија и доколку ги постетите, несомнено ќе уживате во амбиентот кој го нудат.

Виена е број еден синоним за Нова година и избор на многумина кои сакаат проверена празнична магија. Виена е веќе украсена со светла, а поставени се и штандовите со топли пијалаци, украси, слатки и деликатеси, занаетчиски прозиводи.

Никако не заобиколувајте ги и рингишпилот, големото лизгалиште...

И хрватската престолнина Загреб веќе блесна во новогодишен сјај и има што да им понуди на туристите. Тамошните градски власти го најавија и враќањето на култниот Божиќен трамвај кој е вистинска атракција.

Будимпешта со години наназад е омилена зимска дестинација на голем број туристи поради пристапните цени за сместување, храна, прошетки...

За предновогодишно патување во Париз несомнено ќе треба да бркнете подлабоко во џебот.