Вие сте главниот лик во вашата претстава, зошто постојано им ја давате главната улога на другите?

Вие сте најважната личност во вашиот живот. Колку време ќе ви треба за да го сфатите тоа и да почнете да се однесувате така?

Ваша сцена, ваше сценарио, ваша претстава. Но, постојано ја давате главната улога на некој друг. Мислите дека тие знаат подобро од вас, дека можеби подобро ве познаваат, дека подобро ќе одиграат. Но, не е така.

Само вие најдобро ги знаете своите желби, своите силни страни и слабости. Вие знаете што ви го насмевнува срцето и што ви ги насолзува очите. Вие сте единствените на коишто може да им припаѓа главната улога во вашиот живот.

Можете да им дадете споредна улога, можете да им дозволите да ви бидат рамо за плачење, поддршка или да бидат дел од публиката, но ваша е сцената. 

Замислете дека во свои раце го држите пенкалото кое ќе ви овозможи да ја напишете најдобрата претстава за себе? Што би напишале?

Дали ќе бидете жртва или херој? Дали ќе имате контрола или ќе ја дадете на некој друг? 

Успехот не е финален, но не се ни поразите. Тие доаѓаат кога пробувате и најважна е храброста која ја имаме за да станеме и продолжиме понатаму. Не го заборавајте тоа никогаш. 

Дајте им ја споредната улога на другите, но главната секогаш чувајте ја за себе. Во неа лежи моќта на вашиот живот.