Ако некогаш сте виделе фотографија од две видри како се држат за раце додека пловат на површината на водата, можеби сте помислиле дека станува збор за редок и симпатичен момент.

Photo by Kedar Gadge on Unsplash
Но, ова однесување навистина постои во природата.
Морските видри често спијат лежејќи на грб додека пловат на површината. Бидејќи поминуваат голем дел од животот во вода, постои ризик струите и брановите полека да ги оддалечат една од друга додека спијат.
Токму затоа понекогаш се држат за шепите. На тој начин остануваат заедно и не се разделуваат додека одмараат. Во некои случаи, тие дури се заплеткуваат во морски алги кои делуваат како природно сидро и ги спречуваат да отпловат.

Photo by Ryan Hyde on Unsplash
Научниците забележале дека видрите се многу друштвени животни. Често се одмораат во групи, се грижат една за друга и поминуваат многу време во меѓусебна интеракција. Држењето за шепи не е секогаш знак на наклонетост како што луѓето го разбираат, но е потсетник дека и во животинскиот свет поврзаноста има важна улога.

Photo by Corey Simoneau on Unsplash
Можеби токму затоа овие фотографии толку нè допираат. Во едноставниот гест на две видри што се држат заедно додека спијат, луѓето препознаваат нешто многу блиско и човечко , потребата да не пловиме сами низ животот.