Чекајте слика да ви покажам „Види го убавец на мама, најубав син си имам“....Еве сега е 12:30 часот може да му ја пуштам поркава на вибер сигурно се разбудил: Сине ти направив доручек ставен ти е на маса, кога ќе излагаш ако сакаш фрли го ѓубрето, ако не можеш тато ќе го фрли...И да не заборавам ти оставив 1000 денари на маса кај чашата со сок...Анче абе синчево твое стројно, убаво колку години рече дека има...Е кажи, а мама не го дава за било која, сега за некој ден ќе наполни 28 години. Убаво, убаво и велам на мојава колешка која со полна уста раскажува и го сожалува синот дека не можел, доручек да си направи, он во продавници да купува, знаеш го нервираат редици на каса, знаеш пензионери досадни, нема време за губење...

И велам ајде може некогаш ќе му текне да ти помогне, дека ќе треба сам да поработи за да одгледа фамилија?

Ми вели Анче: Боже чувај нé, никако па, он зашто да се замара кога тоа не е машка работа.

Кога ќе се врати од диско во ниедно време ми вели ај мамо те молам многу сум гладен испржи ми компирчиња...И така мама целата хронично ненаспана како да има новороденч станува и почнува во 3 наутро да лупи пржи компири дека на синчето му се јадело...

И утре нема да најде жена како мама. Затоа што всушност тој не бара жена, тој бара мајка и слугинка.И кога ќе си ја најде женичката од неговите сонишата која нема да му оди по газот ќе и го каже - Никогаш нема да бидеш како мама, ни чиштиш ни готвиш како нејзе!