ВИДЕО: Жената најдена во кеса лежела до коски и говедски глави - сликата била ужасна

Дива депонија на која се расфрлани коски, говедски глави, во црна кеса го криела телото на мртвата жена која беше пронајдена во скопско Горно Оризари, за која се претпоставува дека е на возраст од 45. години.

Жителите за Телма велат дека виделе многу припадници на полиција и на судска медицина во заштитни одела, откако вработен во комунална хигиена ја пронашол кесата додека чистел на патот. Првичните наоди на увидот се дека жртвата имала повреди и дека тој што ја фрлил мртвата жена, првин ја ставил во кеса и дошол на место кое мора да го знаел како скришно иако е блиску до автопатската обиколница и како место каде се фрлаат органски остатоци.

Локалните жители на горно Оризари понекогаш го користат патот за да го скратат патот до Александар Палас и до Скопје. Сите во селото се живи и здрави, а нема ниту исчезната жена.

Се чекаат резултатите од обдукцијата.