Видео: Запален паркиран автомобил во близина на „Илинденска“

Автомобил минатата ноќ изгоре на паркинг во близина на булеварот „Илинденска“, а притоа пожарот зафатил уште едно возило.

Во пожарот изгоре „голф“ кој бил во сопственост на 40-годишен скопјанц, а МВР соопшти дека нема повредени лица.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита во Скопје, додека МВР треба да открие дали возилото е намерно запалено.

Видео: Макфакс