
Вечер за паметење имаа синоќа присутните на плоштадот „Македонија“ каде со музика се одбележувше јубилејот - 35 години независна Македонија.
Светски познатиот тенор Хозе Карерас настапи вчеравечер во Скопје, во срцето на главниот град. Во посебен момент од концертот, Карерас заедно со македонските музички ѕвезди ја изведе легендарната „Едно име имаме“, пред многубројната публика на плоштадот.
Настапот предизвика големи овации, а изведбата беше еден од најемотивните моменти на свечената вечер.