Најмалку две возила со приватни регистерски таблички ја минуваат патарината на автопатот Скопје – Тетово без да платат патарина.
Ова се гледа на видео објавено на Твитер на кое се забележува дека возилата воопшто не застануваат туку ја користат крајната десна лента каде најчесто минуваат полициски, воени или амбулантни возила.
Тоа што не застануваат на наплатната рампа значи дека вработените на патарината знаат за кого се работи и однапред ги креваат рампите со цел тој што се вози да не пати патарина и воопшто да чека да се крене рампата како што е за сите други возачи.
Според коментарот на видеото се работи за возила со кои се транспортира лидерот на ДУИ Али Ахмети кој не е државен функционер и се вози во приватни возила кои мораат да платат патарина.
Засега нема официјалн потврда чии се возилата и зошто тие не плаќаат патарина кога десетици илјади луѓе секојдневно плаќаат за да можат да ги користат автопатите.
Возилата се многу слични на возилата од видеото што беше објавено пред еден месец во кое се гледаше како придружбата на Али Ахмети се движи низ Косово со помош на флешери кои се забранети за приватни возила во Македонија.
Додека неговиот внук Дрин купува трговски центри вредни десетици милиони евра, синот му вози Порше, зетот има милионски бизниси а неговиот сфат вози Ролс Ројс лидерот на ДУИ не сака да плати 40 денари за патарина.
За разлика од тоа видео сега возилата не плаќаат патарина што е прекршок казнив според законот и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку службите за регулирање на сообраќај може да покрене постапка за санкции кон овие возила.
Дали ќе биде блокиран од луѓето на СДСМ и ДУИ во МВР е прашање кое треба да го одговори Тошковски.