(Видео) Волонтерите револтирани: Искинати гаќи се оставаат на плоштад

На плоштадот „Македонија“ во Скопје се собираат донации за настраданите во Турција и Сирија по силните земјотреси, но волонтерите се револтирани поради тоа какви донации добиле од дел од граѓаните.

- Во црни ќеси и кутии има партали кои не може да се наречат облека. Искинати гаќи, неупотребливи и замирисани стари алишта се донираат, велат волонтерите.

Утрово дури 11 камиони со донации ја поминаа македонската граница и се упатија кон погодените подрачја во Турција и Сирија.

Видео: Макфакс