Видео: Во дворот на ОУ „Блаже Коневски“ во Мичурин ќе се гради нова детска градинка

На местото на кафана кај ОУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром ќе никне нова детска градинка. Оваа одлука на иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски беше донесена на последната седница на Советот на општината.

Градинката ќе биде во склоп на основното училиште. 

-Ова беше еден од најголемите проблеми на мичуринци во предизборието, па затоа ставивме приоритет во неговото решавање. Повеќегодишниот проблем на граѓаните со места во градинките конечно се решава и граѓаните можат да бидат спокојни, порача Муцунски. 

Во предизборната програма Муцунски вети изградба на четири нови детски градинки со капацитет за 800 дечиња во следниве населени места: Острово, Лисиче, Мичурин и Долно Лисиче.  

До крајот на 2022 година најмалку една градинка ќе биде пуштена во употреба, рече тогаш Муцунски.