Видео: Во боите на шампионот МЗТ Скопје, Аеродром доби уште еден повеќенаменски спортски терен

Во боите на спортските шампиони - МЗТ Скопје, Аеродром добива уште еден повеќенаменски спортски терен, информира градоначалникот Тимчо Муцунски.

Општина Аеродром деновиве завршува со реализацијата на уште еден важен проект.

-Финализира реконструкцијата на познатата „Жути Арена“ која добива нови изглед и прераснува во повеќенаменски спортски терен кој е опремен со современи спортски реквизити. Обоен во боите на МЗТ Скопје и „Фемили Аеродром“, токму тука во Аеродром ова и секое наредно лето, сите ние ќе живееме и спортуваме со победничка енергија на шампионите во кошарка, објави Муцунски.

Проектот е целосно реализиран со средства од буџетот на Општина Аеродром.

-Проектот опфати поставување нова подлога, целосна замена на реквизитите, заштитна ограда и трибини. Со завршување на оваа инвестиција, Аеродром на листата запишува уште еден реконструиран спортски терен, а граѓаните добиваат место подготвено за спорт и рекреација. Реконструкцијата на „Жути Арена“ е потврда на нашите заложби за промоција на здравото живеење и поддршка на спортот. Ова лето се гледаме на „Жути Арена“ и продолжуваме со инвестиции во проекти кои сериозно го подигнуваат квалитетот на живеење во Аеродром, информира градоначалникот на Општина Аеродром.