(ВИДЕО) Весна Бејбе во „благо растројство“ од сметката за струја висока 18.000 денари

Познатата актерка Весна Петрушевска, на својот фејсбук профил, утрово сподели видео во кое се пожали на високите сметки за струја.

-ЕВН онлајн како сте? Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките! - порача Весна Бејбе која со јавноста сподели дека нејзините сметки се во висина од 14 и 18.000 денари. 

-Знаете кога ќе им ги вадам сметките од вода, кога ја ќе се фрлам во Вардар, па они нека ме вадат. Стварно се ненормални!, вели таа во видеото.