(Видео) „Вегас ли е, Скопје ли е?“ - Две туристки супер си поминаа во центарот на градот

Скопје имаше баш весели и забавни гости. Имено, на социјалните мрежи се појави видео од авантурите низ центарот на Скопје на две девојки-туристки. 

Скопје е како Вегас во Европа, се вели во нивното видео. 

Тие прошетаа низ плоштадот „Македонија“ и позираа до главните знаменитости. Сепак доминира нивната супер-енергија! 

Значи Скопје може да се доживее и не само како депресивен, нечист и обичен град?